Дибиров: Вардар е „машина“, оди кон Ф4 во Келн

Првата потврда за големината на македонскиот првак Вардар сезонава дојде во регионалното натпреварување, СЕХА ГСС лигата, каде во неделата „црвено-црниот“ табор го крена првиот шампионски пехар. Со тоа една цел е реализирана, а уште три остануваат на листата во следниот месец со набиен распоред.

Сјајот на Вардар секако дека е заслуга на сите единки во тимот, но главните светла се насочени кон најкорисниот играч на „фајнал-фор“ турнирот во Нови Сад, Тимур Дибиров, кој имаше блескаво враќање на теренот. „Моторот“ на тимот беше скромен во изјавите околу својот настап по тринеделната пауза поради повредата на окото, но реалноста вели дека тој во полна форма се претстави во регионалната завршница.

„Бев малку резервиран со оглед на тоа дека паузирав три недели. Пред турнирот тренерот ми најави дека ќе играм само 10-15 минути, дека мора да бидеме внимателни и дека е потребно време да се вратам во форма и да бидам подготвен за Фленсбург. Така и беше во полуфинале против Загреб. Пред финалето разговаравме со Раул и кога ме праша дали можам да бидам стартер, јас потврдив и се случи да играм 60 минути.

Јас бев пресреќен, верувам и екипата бидејќи не се почувствува отсуството од три недели и се покажа дека малку ми е потребно за да се вратам во игра. Статусот на МВП дојде дополнително“, задоволно констатира Тимур Дибиров.

Левото крило дојде до првиот трофеј во црвено-црниот дрес, но вели дека нема доволно време за квалитетно да му се израдува и да прослави.

„Ако на целата сезона гледаме како 100%, тогаш со освојувањето на СЕХА титулата може да кажам дека сме сработиле 25% од работата. Првата од четирите цели е реализирани и секако дека сум пресреќен. Ова е мој прв пехар со Вардар, но да бидам искрен немав време да се израдувам убаво. Да беше последен меч во сезоната ќе славев со денови, но вака, мора да се смират емоциите бидејќи нè чекаат уште тешки натпревари. Следи Фленсбург, националните Куп и титула, има уште многу да се игра, мора да останеме мирни и фокусирани“, предупредува крилото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...