Ѓоковиќ за само 45 минути во третото коло

Новак Ѓоковиќ ја почна одбраната на титулата од Мастерсот во Монте Карло со стил, откако за само 45 минути го совлада Шпанецот Алберт Монтањес со 6:1/6:0 за да го задржи совршениот скор против Шпанецот. Вториот носител на турнирот освои 11 гема во низа и го подобри скорот на 6-0 против Монтањес, кој во кариерата има само еден освоен сет против Србинот.

„За прв меч на земја, беше навистина добро. Немаше многу пречки во мојата игра. Се обидов да го искористам теренот добро и да не му дозволам да влезе во ритам. Ги менував аглите, излегував на мрежа, бев агресивен“, открива Ѓоковиќ.

Брзината и леснотијата на победата потсети на победата од 6:0/6:0 над Чехот Јан Херник пред пет години во Базел.

„Добро е кога ќе ја завршиш работата толку бргу, но од друга страна сакав повеќе долги поени, поголем предизвик за да се тестирам на земја. Имам мал проблем од минатата недела со зглобот на десната рака, но сега имам повеќе време за закрепнување“, додава Србинот.

Ѓоковиќ освои две Мастерс титули во 2014 победувајќи го Рафаел Надал во финалето во Ки Бискејн и Роџер Федерер во Индијан Велс. Тој оди на петта Мастерс титула во низа, откако во финишот на 2013 победи во Париз и во Шангај. Следен противник за него е Французинот Гаел Монфис, кој го елиминираше 14. носител, Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 6:4/7:6(4).

На финалистот од Ролан Гарос, Шпанецот Давид Ферер, му требаше малку повеќе време да влезе во третото коло, откако за нешто повеќе од еден час го совлада Французинот Жереми Шарди со 6:3/6:0 откако го загуби првиот гем од мечот на свој сервис. Ферер, кој загуби во финалето во Монте Карло од Надал во 2011, сега игра со Григор Димитров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...