Металург со апел до навивачите за коректно навивање на дуелот со Кил

Македонскиот вицепрвак Металург кој в сабота во Скопје против германскиот претставник Кил ќе го одигра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите упатува апел до своите навивачи да го задржат високото ниво на навивање и во најдобро светло да се прикажат на европската сцена.

- Натпреварт со Кил ќе биде под посебен мониторинг на ЕХФ, а потврда за тоа е номинирањето на дури тројца делегати: Клаус-Дитер Конвенц (Белгија), Тоно Хосе Хуелин (Шпанија) и Петер Хансон (Шведска). Канцеларијата на ЕХФ се обрати и директно до менаџментот на РК Металург изразувајки му целосна поддршка за тоа што го работи во последните три сезони и упати низа комлименти за досегашната организација на натпреварите од елитното европско натпреварување. Истовремено, ЕХФ побара од РК Металург да го задржи високото организациско ниво и да направи се, натпреварот со Кил да биде уште еден ракометен празник во Скопје, соопштуваат од Металург.

Од клубот ги известуваат сите што сакаат да присуствуваат на овој настан во СЦ „Борис Трајковски“ да се придржуваат до следните препораки:

- Без обезбедена влезница или акредитација, да не се тргнува кон СА „Борис Трајковски“.

- Да не се носат метални предмети, особено монети и запалки, лименки и пластични или стаклени шишиња.

- Доколку сепак бидат откриени метални и други тврди предмети, обезбедувањето на влезовите ке ги одземаат без исклучок.

- Да се запази нумерацијата на седиштата во салата и да не се заземаат туги места.

- Да не се седи на скалите, бидејќи делегатите нема да дозволат почеток на натпреварот се додека не се создадат услови за игра.

- Да не се фрлаат на теренот никакви предмети, па дури и од мек материјал, што подразбира максимална воздржаност.

РК Металург го упатува овој апел со цел уште еднаш да покажеме дека Скопје во моментот е центар на ракометна Европа, со изграден имиџ на ракометен град во које се игра жестоко, но се навива пристојно и во рамките на коректноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...