Надал и Федерер без проблем во Монте Карло

Роџер Федерер беше посреќен од осумкратниот шампион Рафаел Надал откако двајцата фаворити лесно во два сета ги добија мечевите од второто коло на Мастерсот во Монте Карло.

На Федерер му беа потребни само 52 минути да го испрати дома чешкиот ветеран Радек Штепанек со 6:1/6:2, додека Надал надмина тежок старт за 6:4/6:1 победа над рускиот квалификант Теимураз Габашвили. Првиот носител Надал, кој лани по осумгодишна доминација ја загуби титулата од Новак Ѓоковиќ, го загуби првиот сервис гем и губеше со 3:1 во првиот сет, но откако врати за 4:4, освои шест гема во низа, пред Габашвили повторно да направи брејк.

„Мислам дека стартував пребавно. Но, Теимураз играше многу, многу агресивно без ниту една грешка“, вели Надал.

Говорот на телото покажа дека Шпанецот не е најзадоволен од неговите перформанси, и тој на моменти изгледаше нерасположен и лут. Неговиот сервис исто така неочекувано беше ранлив бидејќи имаше 4 брејк топки.

„Во вториот сет беше многу подобро“, признава Надал.

Федерер, кој се врати на турнирот првпат од 2011, беше без милост против Штепанек и поведе со 5:0 за само 17 минути. Тој го подобри скорот против 35-годишниот Штепанек на 14:2, и Чехот нема победа против него веќе шест години.

„Малку бев изненаден бидејќи на основната линија кога ќе имаш игра од основната линија тешко е да излезеш од таква игра. Така беше за Радек. Имав добар старт во двата сета и бев доволно солиден. Добар старт на сезоната на земја“, вели Федерер.

Следен за Федерер е уште еден Чех, Лукаш Росол, кој со 6:4/6:4, додека Надал игра со Италијанецот Андреас Сепи, кој со 7:6(5)/5:7/6:5 го совлада Шпанецот Пабло Андухар. Федерер нема победа во Монте Карло, откако загуби три последователни финалиња од Надал од 2006 до 2008. Оваа година тие не можат да се сретнат до финалето.

Шампионот од Австралискиот опен, Станислас Вавринка беше побрз и од Федерер, откако за само 46 минути со 6:0/6:2 го „прегази“ Марин Чилиќ. Во третото коло се и Милош Раонич, Фабио Фоњини, Томи Робредо и Николас Алмагро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...