Фленсбург не знае каков пекол го очекува во Скопје

Најдобриот стрелец во тимот на Вардар во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров немаше свој ден на мечот во Фленсбург, постигнувајќи само три гола од 11 обиди, но за рускиот интернационалец најважно е тимот да победува, а не поединците.

- Немав ден на средбата во Флензбург, ниту јас ниту Душебаев. Но, во Скопје сигурно „ќе ги растуриме“. Тие воопшто немаат претстава каков пекол ги чека тука, изјави Дибиров за клупскиот веб сајт.

Тој смета дека во реваншот поважно е тимот да победи, отколку тој да даде повеќе голови.

- Немав среќа на овој натпревар, но тоа е спортот. Има и вакви натпревари. Сепак најважен е резултатот на екипата, а не моите голови. Ако треба ќе помагам само во одбрана, но важно е да продолжиме понатаму. А таму одат големи екипи, а не големи играчи, смета Дибиров.

Крилото на Вардар со трите гола постигнати во Германија сега има вкупно 69, исто колку и Кирил Лазаров, и останува во Топ-10 на најдобрите стрелци во елитното натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...