Лацковиќ потпиша за Вардар

Македонскиот ракометниот првак Вардар, потпиша тригодишен договор со Хрватот Блаженко Лацковиќ со важност од сезоната 2014/2015.

Левиот бек на Хамбург доаѓа во Македонија по десет сезони минати во Бундес лигата каде настапуваше за тимовите на Фленсбург и на Хамбург, а сега го засилува Вардар кој што со неговиот ангажман добива искусен играч, во напад и одбрана.

Искуството на 33-годишниот Лацковиќ се гледа по деветте медали што ги има освоено со репрезентацијата на Хрватска, и четирите шампионски титули во домашните првенства на Хрватска (трипати со Загреб) и Германија (Хамбург), како и европската титула, лани со Хамбург во Лигата на шампионите.

Тој требаше да настапи и на последното ЕП во Данска, во јануари 2014 година, но поради повреда мораше да остане дома.

- Целта на Вардар е во своите редови да има искусни, проверени и квалитетни играчи, а токму Лацковиќ е еден од нив. Со неговото ангажирање, екипата добива уште еден врвен професионалец кој игра на позицијата лев бек, со подеднакви квалитети во нападот и одбраната. Среќни сме што и Блаженко Лацковиќ во Вардар препозна сериозен и квалитетен клуб, со амбиција да биде секогаш во врвот. Со неговото доаѓање во Вардар, ги потврдуваме и нашите амбиции за создавање на силна, конкурентна и пред се хомогена екипа која ќе може да се спротивстави на секој ривал. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на една успешна соработка на БлаженкоЛацковиќ и Вардар која ќе трае и ќе биде исполнета со успеси, вели Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

Трофејниот хрватски репрезентативец пред да оди во Бундес лигата играше за Вартекс, Метковиќ Јамбо и Загреб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...