Со максимално залагање до победа против Фленсбург

Играме важен историски натпревар како за тимот така и за Македонија, истакна денеска на прес-конференција тренерот на ракометарите на Вардар Раул Гонзалес во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето на ЛШ против Фленсбург.

- Морам да им се заблагодарам на играчите бидејќи тие се „виновни“ за ова што ни се случува. Изиграа многу добро во Германија, а сега имаме шанса која треба да ја искористиме за да се пласираме меѓу четирите најдобри екипи, рече Гонзалес.

Додаде дека Фленсбург е екипа која игра ракомет во сите 60 минути, немаат многу истакнати поединци, но играат комлетно тимски.

- Мораме да ги елиминираме грешките од натпреварот во Германија за да можеме со помалку грешки да настапиме на овој натпревар. Мораме да изиграме добра одбрана, но не можеме да менуваме многу во моментов затоа што ако направиме големи промени може да ни се случи нешто лошо. Ќе си ја играме нашата игра со максимално залагање од првата до последната минута, нагласи Гонзалес.

Тренерот на вардарци, е свесен за силината на противникот, но како што потенцира, неговиот тим ќе го даде максимумот за да оствари победа со која ќе ја израдува цела Македонија.

Капитенот Филип Лазаров предупреди дека Вардар в сабота ќе полага тежок испит кој ќе треба да го положи, но истовремено очекува поддршка од верната публика која би ги однела него и неговите соиграчи до огромна победа.

- Ова ќе биде многу тежок испит за нас, можеби најтежок до сега каде професорот ќе биде многу строг и ќе бара многу точни одговори. Ние ќе треба да одговориме на тој предизвик бидејќи на прагот сме да испишеме историја, рече Лазаров.

Во однос на тактиката, Лазаров истакна ќе биде потребно да се игра со мал број на погодоци бидејќи, како што посочи, Фленсбург е навикнат да дава два гола во една минута.

- Тие се нервираа таму со нашата бавна тактички добра игра. Ако на други напревари давале по два гола во една минута, против нас во последните десет минути дадоа два гола, додаде Лазаров.

Екипата на Фленсбург пристигнува утре во 12 часот, а ќе биде сместена во хотелот Александар Палас. Натпреварот в сабота започнува во 17 часот во арената „Борис Трајковски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...