Вардар СЦБТ со оптимизам заминува за Будимпешта

Ракометарките на Вардар СЦБТ на денешната прес-конференција пред претстојниот завршен турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта ги изнесоа своите очекувања и желби за успешно заокружување на одличната сезона.

- И покрај тоа што зацртаното го остваривме, не би биле спортистки доколку не се надеваме на највисок пласман. На овој турнир нијанси ќе одлучуваат кој ќе биде победникот. Цел месец се подготвувавме, мотивирани сме, желни за игра и одиме да се надигруваме. Будуќност е поискусна екипа од нас, ние сме првпат во полуфиналето, но нема предавање, истакна тренерот на македонскиот шампион Индира Кастратовиќ.

Во редовите на „црвено-црните“ две ракометарки имаат шанса да го одбранат трофејот. Лани како дел од унгарски Ѓер Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ триумфираа во елитното натпреварување.

- Очекувам на 3 мај Вардар да го има најдоброто издание во сезонава. Имаме квалитет, мотив, желба да се прикажеме во добро светло. Треба да одиграме со мирна глава. Јас сум професионалец, иако потекнувам од редовите на ривалот од полуфиналето, на секој натпревар посакувам победа, независно кој е противникот, рече Јованка Радичевиќ, некогашната ракометарка на Будуќност.

Андреа Лекиќ се надева на историски успех за Вардар. Таа улогата на благ фаворит ја препушта на Будуќност, најмногу поради искуството, но верува дека Вардар може да изненади.

Вардарки утре заминуваат за Будимпешта, полуфиналето со црногорскиот шампион Будуќност се игра в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути, додека првото полуфинале меѓу европскиот првак и Ѓер и дански Митјиланд почнува во 15 часот.

Во недела се играат натпреварот за 3.место (почеток 14:30 часот) и финалето (почеток 17 часот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...