ЕХФ Ф4 - ВАРДАР СЦБТ ОД ВЧЕРА СЕ АКЛИМАТИЗИРА НА БУДИМПЕШТА ВО ПРЕСРЕТ НА „ФАЈНАЛ-ФОР“ ТУРНИРОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Од дебитант до кандидат за титула

За првпат во ЕХФ Лигата на шампионите во женска конкуренција шампионот нема да се добие со играње натпревари дома-гости. Инспириран од успехот, и маркетиншки и финасиски што го доживува машкиот фајнал-фор и неговиот засега единствен домаќин Келн, ЕХФ одлучи со истиот рецепт да оди и во женскиот ракомет.

Нивото на женскиот ракомет е далеку од машкиот, но заинтересираност и шанса овој проект да успее има. Будимпешта покажа заинтересираност, ја следеше само уште и Љубљана. Но, Унгарија, која испрати три различни понуди за истата сала, беше неприкосновена во оваа трка и првиот фајнал-фор во женска конкуренција ќе се игра во арената „Ласло Пап“.

Македонија во клупската историја има запишано три полуфиналиња, последното пред девет години кога Кометал Ѓ. Петров беше подобар од Хипо (30:32, 22:18) ѝ обезбеди финале кое подоцна го загуби од Слагелсе.

Сега се нови времиња, не постојат веќе ни Кометал, ниту, пак, Слагелсе, а македонскиот женски ракомет на картата на Европа го враќа Вардар СЦБТ.

Во својата втора сезона под капа на Самсоненко, Вардар изгради моќен тим во кој има и две ракометарки со индивидуално остварување - најдобра на свет.

Но, Вардар не е фаворит за пехарот, иако има силен интернационален состав.

ПРВ ФАВОРИТ

Бранителот на пехарот, екипата на Ѓер, кој практично на домашен терен ќе настапи на овој фајнал фор, е првиот фаворит за шампионскиот пехар. Унгарките предводени од Горбиц, Аморим и Булатовиќ на надворешната линија и вонсериската Хајди Локе на линијата е тимот од кого сите очекуваат да продолжи со доминацијата. Нивни противник во полуфиналето е Митјиланд, екипа која нема никакви шанси против домашниот состав.

Вардар и Будуќност имаат подеднакви шанси да се најдат во ринг со унгарскиот состав во недела во големото финале. Будуќност е ослабен поради суспензијата на Милена Кнежевиќ и тоа ги прави уште поизрамнети силите на хартија.

Предност на Будуќност е што се подолго време во ритам. Тие се практично единствените што успеаја да одржат континуитет низ годините. Ги нема или сега се само бледа сенка од тоа што некогаш беа екипи како Хипо, Подравка, Дунафер, Валенсија, Крим, Кометал, Виборг, Динамо Волгоград, Лада Тољати... Единствениот кој успева да се одржи на високо ниво од друштвото што пустошеше до пред 4-5 години е Будуќност.

Но, рековме, сега се нови времиња.

ДЕБИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Вардар СЦБТ нема таков континуитет, но во моментов на хартија има попознати играчи од Будуќност и доколку одиграат на нивото согласно рејтингот, Вардар има реални шанси да се пласира во финале. Но, ова се специфични натпревари, а и не постои дефиниција за тоа „играње согласно рејтингот“, па не би оделе во прогнози и доделување на „бројка“ што би означила какви се шансите. Иднира Кастратовиќ и нејзините девојки дефинитивно се подготвени за деби за паметење.

„Вардар како дебитант во Лигата на шампионите дојде до Ф4, затоа верувам дека секогаш има простор за изненадување. Навистина конкуренцијата е поискусна, но не се даваме. Конкретно за Будуќност, стратегијата ја правевме заедно со девојките и нивното мислење и сугестии ми се многу важни, за да може заеднички да го изнесеме најдоброто од нас. Во Будимпешта дефинитивно ќе се надигруваат и ракометарките, и ние тренерите, а мислам дека нијансите и мотивот ќе пресудат“, потенцира Кастратовиќ.

Едно е сигурно, Вардар СЦБТ хемијата која ја градеше цела сезона ќе се потруди комплетно да ја пренесе на теренот и тоа да биде фактор плус, кој ќе ѝ помогне да додаде уште еден успех во историската сезона.

БУДУЌНОСТ ПОДГОТВЕН ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО СО ВАРДАР СЦБТ

Отсуството на Милена Кнежевиќ, која ја „отслужува“ казната за неспортски потег и нема да биде дел од тимот на Будуќност во полуфиналниот дуел со Вардар СЦБТ, отвори простор за полската репрезентативка Кинга Биздра. Бекот во првата сезона во редовите на Будуќност, стигна до првиот фајнал-фор, а се надева, најмалку, на пласман во финалето. Но, до таму треба да стигне преку Вардар.

„ Вардар е многу добар тим, со квалитетни играчи. Свесни сме против каков тим играме, но исто така ги знаеме и нашите квалитети и додека играме како тим можеме сите да ги победиме“, констатира бекот.

„Мислам дека ќе одлучи тоа кој повеќе ќе го сака финалето, кој ќе даде повеќе енергија на теренот. Секако и тоа, кој ќе одигра попаметно, многу работи може да одлучат. Знаеме што треба да играме, добро се подготвивме и сакаме да го дадеме најдоброто, преку 100% од нашите можности.

Вардар е многу искусна екипа и повторувам, знаеме што не чека на другата страна на теренот.

Ние сме фокусирани на нашата игра и на одбраната. Тоа е нешто што може да го реши натпреварот. Со добра одбрана и транзиција, може да дојдеме до брза конта и лесни голови, што може да го решат натпреварот“, вели Биздра во пресрет на утрешниот меч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...