Трето место за Вардар СЦБТ во Лигата на шампионите

Ракометарките на Вардар СЦБТ го освоија третото место сезонава во Лигата на шампионите откако во „малото финале“ на завршниот турнир во Будимпешта го победија данскиот Митјиланд со 34:31 (14:12).

Попладнево во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта ракометарките на Вардар беа поуспешни од Митјиланд и во најголемиот дел од денешниот натпревар имаа водство.

На почетокот на дуелот беше нерешено - 3:3 во 7.минута, а потоа „вардарки’ направија серија од 5:1 за водство од 8:4 во 12 минута. Предноста „црвено-црните“ ракометарки ја задржаа во првото полувреме кое го завршија со предност од 14:12. Во овој дел од натпреварот Вардар СЦБТ имаше четири исклучувања, а голманот Ина Суслина имаше четири одбрани со играч помалку.

Во вториот дел данскиот првак стигна до изедначување 16:16 (петто изедначување на натпреварот) во 35.минута, но Вардар СЦБТ врати со серија од 7:1 за највисоки +6 (23:17). Ова водство ракометарките на Индира Кастратовиќ го имаа и во 53.минута (29:23), а до крајот на дуелот Вардар СЦБТ имаше безбедна предност и стигна до победата и третото место.

Головите за Вардар СЦБТ ги постигнаа: Јулија Николиќ и Јованка Радичевиќ по 6 голови, Андреа Лекиќ 5, Татјана Хмирова 4, Сираба Дембеле 3, Алисон Пино, Ана Ѓокиќ, Бегоња Фернандез, Маја Зебиќ и Андреа Кликовац по 2. Ина Суслина натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Најефикасна на натпреварот беше Комелија Грот со 11 голови.

Финалето меѓу Ѓер и Будуќност се игра со почеток во 17 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...