На Македонија ѝ се отворени сите врати

„Не е никава тајна дека нашата цел сето ова време се олимписките квалификации. Шансата ја гледам овде, во Доха... Стојам на ставот дека ако нашиот тим е комплетен и сплотен, можеме да ѝ парираме на секоја репрезентација“, смета првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Светската ракометна елита имаше можност да го почувствува врелиот здив на катарската пустина и во рамките на еден викенд да види како домаќинот на претстојното Светско првенство се подготвува за организација на настанот кој, според најавите на катарските шеици и претседателот на ИХФ, би требало да ги засени сите досегашни и да биде „најдоброто во историјата на игрите“.

„Македонски спорт“ беше еден од ретките присутни од Македонија на овој настан. Домаќинот вети, тие кои во јануари ќе одат на мундијал во Доха ќе можат и самите да се уверат.

Една работа сосема сигурно нема да недостига - луксуз. Минатиот викенд навистина можеби беше гала настан, но желбата на организаторите да се покажат во најдобро светло е некаков вид гаранција дека така ќе биде и во јануари.

Најголемиот проблем на домаќинот ќе биде да ги убеди ракометните фанови дека доаѓањето во Доха ќе биде посебна приказна и дека ќе вреди за секое потрошено евро. Катар вети дека ќе учествува во трошоците на присутните. Првенствено во намалувањето на цената на хотелскиот престој. Во Доха на прсти можат да се избројат хотелите кои се послаборангирани од пет ѕвезди, а и тие кои подобро ги познаваат тамошните услови за неполна минута ќе ве убедат во широк лак да ги „заобиколите“.

ИХФ и Катар одбраа шест медиа хотели и сите се со пет ѕвезди луксузна категорија. Ветувањето е дека цената за сместување во таков хотел ќе биде намалена, направена пристапна, а организаторот ќе ги преземе трошоците и транспорт од аеродром, трансферот меѓу салите и сала-хотел да биде под нивна надлежност и бесплатен. Ова јасно важи само за акредитираните. Дистанцата меѓу шесте хотели и четирите сали се движи меѓу 5 и 13 километри и Катар ова ќе мора да го организира затоа што ако си одите на своја рака и побарате такси кое патем не е ниту скапо, ниту евтино можете да го чекате и до еден час. Возачките дозволи за државите надвор од ЕУ не важат, па затоа и отпаѓа реално најевтината варијанта - да се изнајми возило. За тие кои сепак размислуваат за таа варијанта, да споменеме дека автомобил може да се изнајми и за 15 евра дневно, плус бензин кој, пак, е поевтин отколку да купите вода за пиење во продавница.

МАКЕДОНИЈА ВО ДОБРА ГРУПА, РФМ ЗАДОВОЛЕН

И по една преспана ноќ впечатокот останува ист. Македонија е во одлична група, а можност плус е што вкрстува со исто така група која по повеќе основи ни одговара.

Ова посебно доаѓа до израз откако ќе ја погледнеме групата „Д“ во која се Данска, Полска, Русија, Аргентина, Германија и малерозниот Бахреин.

Сепак, Македонија не е тип на репрезентација која треба од високо да ги гледа работите. Предност или хендикеп, во даден момент може да биде и едното и другото е што другите репрезентации сè уште не ја вреднуваат македонската колку што еве и ние мислиме дека вреди. Ова е впечаток од разговори со колеги од Србија, Хрватска, Унгарија, потоа селектори на неколку репрезентации итн. Тоа со други зборови значи дека посилните нè потценуваат, послабите против нас гледаат шанса. На нашите репрезентативци е да ги казнат и едните и другите.

„Во добра група сме, имаме шанси. Имаме и добар тим, ако се сите здрави и сплотени, тогаш оваа репрезентација ќе може многу и е зрела за големи успеси“, изјави генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

ЦЕЛТА Е ОЛИМПИЈАДА

И за претседателот на РФМ сликата сега е чиста. Амбициите со кои македонскиот тим ќе патува се познати.

„Не е никава тајна дека нашата цел сето ова време се олимписките квалификации. Шансата ја гледам овде, во Доха. Далеку од тоа дека ќе биде лесно, но погледнете ја само како изгледа групата во која е Германија. Сеедно, јас стојам на ставот дека ако нашиот тим е комплетен и сплотен, дека можеме да ѝпарираме на секоја репрезентација“, вели Живко Мукаетов.

- Ждрепката не се одвиваше според очекувањата..

„Очекував Катар да ја одбере групата Б, бев изненаден кога се одлучија за „А“. Посебен момент беше и новиот дуел на Полска и Германија. Тоа ќе биде интересно да се види“, вели Мукаетов.

„Нас сега ни е задача да организираме квалитетни подготовки за репрезентацијата, веќе имаме договорено учество на турнир во Нант, Франција, имаме и некои други комбинации, па ќе ги разгледаме и ќе ги утврдиме деталите“, објаснува Мукаетов.

ВНИМАТЕЛНО СО СИТЕ

Подеталните анализи на противниците секако ќе следат. Групата ја квалификувавме како одлична само во споредба со другите. Тоа не значи дека ќе биде лесно.

Точно е дека репрезентациите кои со години ни беа трн во око како Исланд, Унгарија, Норвешка, Србија ги нема. Но, тоа не значи дека „овие“ ни одговараат само затоа што во минатото сме имале подобар скор.

БиХ го елиминира Исланд. Ако потцените репрезентација која го елиминирала еден на еден Исланд - тогаш ќе завршите како Исланд. Поголемиот број на играчите ги знаеме од СЕХА, не би им дале голема шанса со Македонија, но...

Австрија од моментот кога ја елиминиравме во квалификациите за СП Шпанија напреднала најмалку за класа. Патрекур Јоханесон знае што работи, видовме колку поконкурентни беа на ЕП Данска. Во Катар веројатно ќе бидат уште посилни... но и ние ќе бидеме така што...

Двата „аусајдера“, Тунис и Иран... Тунис не има победено на СП, ние него не... така што туку-така да се испофалиме дека сме фаворите не би било мудро. За Иран слушнавме пофални зборови... Факт, двата тима се тепачи, а таков ракомет на Македонија не ѝ одговара. Никому не одговара. Нема да биде лесно можеби не во резултатскиот дел, ама во дуелите... секако.

Хрватска можеби е зрела да „киксне“. Не се секогаш импресивни во прелиминарната рунда, можеби ова е нашата шанса?

СО ФРАНЦИЈА ВО ТУЛУЗ

Дружењето со ракометните новинари од целиот свет, информациите од прва рака секако фрла светло и врз плановите на нашите следни противници. Додека Чесите сè уште чекаат дали Јиха ќе игра или не, Французите веќе се организираат за квалификациите. Македонија во април ќе ги одмери силите со Франција, а градот домаќин е Тулуз. Целта е ракометот да го извадат од Париз каде што тешко дека би ја полниле арена како Берси на пример.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...