„Пеколно“ отворање против шампионот

Шпанците важат за голем фаворит, а Македонија токму во дуелот со нив ќе бара сензација и позитивно отворање на евро-собирот

Континенталниот собир во Австрија, машката јуниорска репрезентација на Македонија ќе има „чест“ да го отвори против актуелниот шампион во У20, Шпанија. Дуелот се игра попладнево (14 часот), во рамките од групата А во Траун.

Тимот на Зоран Петковски ќе има „пеколно“ отворање со оглед на фактот дека „фуријата“ важи за еден од главните фаворити за освојување на првенството.

Тешка задача ќе има тимот во кој сите погледи се вперени во првата надеж Филип Талески, кој се очекува да биде „движечката сила“ кон сензација и позитивно отворање на Европското првенство.

СКРОМЕН ПРИСТАП

Репрезентацијата вчера попладнето го одработи првиот тренинг во Траун, каде сè течеше според посакуваното. Но, кога станува збор за денешниот меч со Шпанија, коментарите се скромни и резервирани.

„Свесни сме дека нè очекува тежок предизвик на стартот од првенството. Шпанија е голем фаворит, а и фактот дека е бранител на титулата, дава тежина на мечот, како за нив, така и за нас. Во тимот владее позитивна атмосфера, момците се расположени за докажување, па верувам дека уште на стартоt ќе се покажеме во најдобро издание. Секако резервирани сме во најавите пред натпреварот, но ќе ја чекаме нашата шанса и ќе се обидеме да приредиме сензација уште на стартот од ЕП“, вели предводникот на јуниорите Зоран Петковски.

ШПАНИЈА АТАКУВА НА МЕДАЛ

Шпанската репрезентација јасно стави до знаење дека на Европското првенство во Австрија патува со цел да го потврди успехот од 2012 година. Иако селекцијата претрпе големи промени во играчкиот кадар и сега базата ја сочинуваат играчи кои на ЕП У18 истата година стигнаа до полуфиналето. Еден од предводниците на тимот е левиот бек на Гранолерс, Арнау Гарсиа.

„Имаме тешка група. Не знаеме со каков квалитет располага тимот на Македонија, бидејќи немавме видео снимки или други информации за нив, а и никогаш не сме се соочиле со нив. Франција и Норвешка, пак, се тешки противници“, коментира Гарсиа.

„Сепак, сите противници заслужуваат почит. Ова е Европско првенство, на кое се најдобрите европски играчи и мора да се бориме многу за добар резултат. Еден лош натпревар може да чини многу“.

Шпанија, заедно со Данска, Германија и Шведска важат за главни фаворити на континенталниот собир, додека Франција, Словенија и организаторот Австрија се фаворити во сенка.

Групната фаза се игра во три кола, по принципот секој со секого, а по завршувањето на натпреварите двете првопласирани екипи од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...