Маржоретки и улични изведувачи: шампионатот во Австрија е отворен !

Европското првенство во ракомет за играчи до 20 години (кое од денес до 3-ти август ќе се одржува во градовите Траун и Линц) вчера официјално со специјална церемонија беше прогласено за отворено во австрискиот град Траун.

Со маржоретки и улични изведувачи организаторите им посакаа добредојде на 16-те земји учеснички меѓу кои е и Македонија. Младите кадети на Македонија беа извлечени во групата А заедно со репрезентациите на Шпанија, Франција и Норвешка, а денес ќе го имаме и првиот тест против актуелниот шампион, Шпанија.

Шпанија, заедно со Данска, Германија и Шведска важат за главни фаворити на континенталниот собир, додека Франција, Словенија и организаторот Австрија се фаворити во сенка.

Групната фаза се игра во три кола, по принципот секој со секого, а по завршувањето на натпреварите двете првопласирани екипи од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.

Повеќе информации за преносите од натпреварите на официјалната страница на самиот шампионат.

Но, додека го очекуваме дебито на Македонија на Еврошампионатот, погледнете дел од фотографиите од отворањето. Со среќа момци!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...