Клупските успеси го „кријат“ репрезентативниот пад

Движечката сила на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров викендов преку својот фејсбук профил отворено го изнесе својот став за случувањата во македонскиот репрезентативен ракомет. Ваквата реакција е испровоцирана од неуспесите на женската кадетска репрезентација на СП, како и на јуниорската селекција на ЕП во Австрија.

Лазаров смета дека успесите во европските клупски натпреварувања на двата гиганти Вардар и Металург ги „кријат“ неуспесите на националните тимови, кои според него се во „благ пад“.

„Три убедливи порази на нашите ракометари на ЕП 20 год., кадетките три катастрофални порази на домашен терен (освен победата со Узбекистан), женската сениорска репка не знае за победа, а камоли пласман на големо натпреваруванње, сениорите мажи освен третокласната Грција, која ни дојде како мевлем за заборавање на минатите порази (ЕП Данска 4 високи порази ДЕН, ХУН, ИСЛ, ЕСП)… Мораме да признаеме дека македонските национални селекции ни се во ‘благ’ пад. Сето тоа добро го прикриваме со нашите моментно успешни клубови на европска сцена, Вардар и Металург, меѓутоа клубови се едно, а национална селекција друго.

Едното не може без другото, треба соработка и надополнување меѓутоа за иднината на нашиот спорт бр. 1 секогаш приоритет треба да имаат националните селекции на кои во последно време не им цветаат рози…“, стои на фејсбук профилот на Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...