Конечно победа на младите македонски ракометари на ЕП

Јуниорската машка репрезентација на Македонија конечно ја оствари првата победа на Европското првенство за ракометари до 20-години кое се одржува во Австрија.

Откако во групната фаза ги загубија сите натпревари (три), а вчера избраниците на Зоран Петковски беа поразени и од Естонија во натпревар од новоформираната група 3 во која разигруваат за пласман од 9 до 16 место на првенството, попладнево црвено-жолтите ја победија Швајцарија со 34:30 полувреме 14:13.

Триото Маџовски-Манасков-Талески искомбинира 20 од 34-те голови на црвено-жолтите.

Борјан Маџовски и Мартин Манасков постигнаа по 7, додека Филип Талевски беше стрелец на 6 голови за македонската репрезентација.

Во првиот натпревар од оваа група одигран денеска Норвешка ја совлада Естонија со 27:21.

И покрај победата нашата селекција остана на последното место во групата во која Норвешка е прва пред Швајцарија и Естонија.

Затоа нашите ракометари во петок (утре е слободен ден на шампионатот) ќе играав во дуел за пласман од 13 до 16 место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...