Падна Србија, надежта за СП живее

Денеска ни е потребна каква било победа против Исланд за целта да биде на дофат

Машката кадетска репрезентација на Македонија против Србија ја забележа првата победа на Европското првенство во Полска, 20:23 (9:9). Првата радост за кадетите на континенталниот собир дојде во групата за разигрувањето за пласман од 9. до 16. место.

Младите надежи со позитивниот резултат ги одржуваат во живот шансите за пласман до 10. позиција на првенството, кои носат учество на Светското првенство 2015.

За разлика од бледите изданија во прелиминарната фаза од ЕП, вчера избраниците на Александар Јовиќ покажаа дел од своите квалитети. Одличниот финиш на првиот период и константната игра во второто полувреме беа клучни за премиерната радост на кадетите на континенталниот собир.

Солидно го стартувавме мечот, 2:2, но дозволивме Србите двапати да влезат во серија (5:2, 9:4) за што клучна улога играше и нивниот голман Милосављев, со 11 интервенции во првиот дел. Сепак, во завршните осум минути од полувремето игравме помирно во нападот и имавме одлични 0-5 (9:9). Имавме шанси со контра да дојдеме и до водство, но сепак со изедначен резултат заминавме на паузата.

Во продолжението ние ја преземавме иницијативата. Првото водство за Македонија од +2 дојде на 10:12, а потоа се играше рамноправно се до 19:19. По тајм-аутот на Јовиќ (53 мин.) кадетите поведоа до 19:21 и ја најавија победата. Србија се обидуваше да се избори за пресврт, но Кизиќ себично го чуваше голот во завршните минути, за Македонија дојде до првата победа на ЕП.

Најдобриот стрелец во нашите редови, Марко Неловски (8 погодоци) се пожали на повреда во средината на второто полувреме, но по лекарската интервенција, репрезентативецот се врати на теренот. Покрај него Талески постигна 5, а Маркудов 4 гола.

Македонија, попладнево, 13 часот, се соочува со Исланд. Со оглед на случувањата во нашата група, каде вчера Исланѓаните ја совладаа Русија, денеска каква било победа над нив нè носи на 2. место во групата, а со тоа и кон повисок пласман. Во спротивно многу математики ќе бидат во игра.

ПАЛЕВСКИ „Пристапот беше клучен“

„Задоволни сме со пристапот и односот на теренот во мечот против Србија. Го оставивме срцето на терен и затоа дојдовме до победа. Следна пречка е Исланд и доколку успееме да ги совладаме и нив, се надевам дека ќе обезбедиме пласман на Светското првенство во Русија“, коментираше Давор Палевски по победата над Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...