Време за сериозен „испит“

Македонскиот шампион Вардар СЦБТ денеска финишира со подготовките во Австрија, а од таму директно патува за Унгарија, каде од 22 до 24 ќе биде дел од турнирот во Ѓер, на кој покрај домаќинот, ќе настапи и екипата на Ларвик.

Токму овој турнир ќе биде сериозен испит за избраничките на Индира Кастратовиќ, кои досега имаа само една проверка на силата. Победата над унгарски Ерд (27:24) ја донесе првата слика за досега сработеното, но факт е дека екипата сè уште работи на своето најблескаво издание.

„Добро го одработивме периодот во Австрија. Екипата доби на целина, новите девојки добро се вклопија во тимот, но сè уште работиме на посакуваната форма. Мечот со Ерд беше показател на предностите, но и маните. Мора да поработиме на поголема концентрација во завршницата од играта“, објаснува Индира Кастратовиќ и додава: „Сега ни следуваат посериозни контроли со Ѓер и Ларвик. Постојано им велам на девојките дека нема опуштање. Сега сите ја знаат силата на Вардар и сите поинаку нè доживуваат. Затоа и ние ќе бидеме поподготвени за секој предизвик“.

„Црвено-црните“ денешниот ден ќе го минат во пат, а веќе утре го стартуваат настапот на „Хендбал фиеста“ турнирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...