Американците подготвени за нова гренд слем мизерија

Во понеделник започнува УС опен, последниот гренд слем во оваа сезона, и американските тенисери ќе се обидат да ја спречат лошата серија која трае веќе цела деценија. Знаците не се ветувачки.

Последна гренд слем титула на американски тенисер е таа на Енди Родик од 2003 година, што е разочарувачки за нацијата која има 51 гренд слем победници во Опен ерата, повеќе од двапати од која било друга земја.

За сегашниот американски број 1, 15-рангираниот Џон Изнер, тоа не е нешто на што треба да се навраќаат пред турнирот.

„Американскиот тенис сега не е најдобриот во историјата, меѓутоа во моментов сум загрижен само за мојата форма и се обидувам да се вратам во топ 10“, изјави Изнер.

Неговите подготовки за Њујорк не поминаа како што треба, иако ја освои титулата во Атланта, по што победи на само еден меч на турнирите во Вашингтон, Торонто и Синсинати. Изнер останува во гренд слем историјата со најдолгиот меч во историјата (против Николас Мау на Вимблдон во 2010), но неговиот најдобар пласман на гренд слем турнир е 1/4 финалето на УС опен во 2011.

Тој инсистира дека тоа што е најдоброрангиран Американец не носи притисок да се повтори успехот на претходната генерација на Пит Сампрас, Андре Агаси, Џим Куриер и Мајкл Ченг.

„Јас не чувствувам многу притисок бидејќи никогаш не бев подготвуван и не се очекуваше од мене да бидам број 1“, вели Изнер.

Од Доналд Јанг од друга страна се очекуваше ова откако во 2007 беше најмладиот тенисер во топ 100 на 18 години. Јанг беше на 38. место на АТП листата во 2012, но лани падна на 202. место по што преку Челенџер турнејата се врати на 46. место во моментов.

Стив Џонсон исто така е во топ 50 на 49. место, додека 21-годишниот Џек Сок скокна од 100. место на 55. место.

По катастрофата на Ролан Гарос, каде што немаше Американец во 1/4 финалето, на Вимблдон, Изнер како последен Американец загуби во третото коло. Според нивниот Дејвис куп капитен, Куриер, проблемот не е во талентот.

„Има многу талентирани тенисери кои не го извлекоа максимумот од својата способност“, изјави Куриер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...