Ѓоковиќ е прв фаворит, вели Мекинро

Роџер Федерер можеби е во најдобра форма пред УС опен, но Новак Ѓоковиќ е фаворитот за титулата, смета поранешниот шампион Џон Мекинро.

Федерер има пет едноподруго титули од Флашинг Медоуз од 2004 до 2008, а оваа сезона победи на Мастерсот во Синсинати и стигна до финалето во Торонто. На турнирот нема да игра светскиот број 2, Рафа Надал, така што многумина го сметаат токму 33-годишниот Швајцарец како фаворит за неговата 18-та гренд слем титула. Но, не и Мекинро.

„Очигледно, тоа што нема да мора да се соочи со Надал е голема позитивна вест за него, посебно во финишот на турнирот. Но, сепак, би го промовирал Ѓоковиќ во фаворит бидејќи тој е помлад и може полесно да ги игра долгите мечеви од Роџер. Зависи од што ќе се случи пред потенцијалното финале, но мислам дека Новак е поголем фаворит“, вели Мекинро.

Ѓоковиќ го совлада Федерер во епското финале во Вимблдон, но 27-годишниот Србин, кој неодамна се ожени со својата дологодишна девојка Јелена Ристиќ и го чека првото дете, загуби рано во Торонто и Синсинати. Мекинро смета дека тој малку го загубил фокусот.

„Мислам дека неговиот ум не е на тенисот постојано, но тоа финале од Вимблдон беше вистинска класика. Потоа се ожени, немаше многу мечеви... Во Њујорк ќе биде поинаку“, додава Мекинро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...