Вардар поразен во финалето

Вардар ја пропушти и втората шанса да освои пехар во претсезоната. По поразот од Металург на финалето во Струга, „црвено-црните“ ја доживеаја истата судбина и на финалето на турнирот „Кањижа куп“.

Пик Сегед, актуелниот освојувач на ЕХФ Куп, беше противникот на Вардар во финалето на „Кањижа куп“. Ден претходно, во второто коло, Вардар лесно излезе на крај со Партизан (31:23), додека сегединците го совладаа словенечкиот Горење.

Лошо го почна Вардар овој натпревар, а Сегед покажа дека е тим со кој нема шега. Дејан Бомбач, словенечкото засилување, иако не постигна погодок, одлично ја развлекуваше Вардаровата одбрана и им сервираше на бековите можност да игра, а тоа го користеа и Балог и Иљеш и Унгарците по десетина минути имаа 9:4. Пет минути подоцна беше 14:6 за Сегед и Гонзалез побара минута одмор. По ова Вардар се врати во игра, намали на 10:14, а до крајот на полувремето успеа да стигне и до минус два (13:15).

Игор Карачиќ беше играчот која ги склопи сите други Вардарови играчи во силна целина. Набрзо во вториот дел Вардар премина во водство, но не успеа да направи решавачки исчекор. Не само тоа, туку Полјакот Вишомирски во последните десетина минути царуваше на голот на Сегед, па Унгарците имаа и плус (31:29) и напад во последната минута. Двапати погрешија и му дадоа шанса на Вардар да напаѓа за реми, но шутот на Душебаев, кој можеше да значи седмерци, заврши како плен на Полјакот, а пехарот замина кај Сегед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...