Сезоната за капитенот на националниот тим Кирил Лазаров и неговата Барселона тргна со трофеј, откако викендов го освоија каталонскиот Суперкуп.
Во финалето тимот на Лазаров имаше убедлив настап, 37:22 (15:12) против Гранољерс, а бекот реализираше шест погодоци, со кои е и прв стрелец во редовите на каталонскиот гигант. Исто толку гола репрезентативецот имаше и во полуфиналето против Ла Рјоха.
Со освојувањето на Суперкупот на Каталонија, Лазаров додаде уште еден трофеј, 39-ти, на листата во досегашната кариера. И додека за Барселона ова е 19. Триумф во ова натпреварување, за бекот е прв, со оглед на тоа дека минатата година Суперкупот не се одржа.