Сезоната за „вардарки“ тргна со пехар

Првиот пехар сезонава македонскиот шампион Вардар го крена викендов како освојувач на „Хандбал фиеста“ турнирот во Ѓер. „Вардарки“ ги поразија и актуелниот европски шампион Ѓер и норвешкиот првак Ларвик, што им донесе комплетно задоволство при затворањето на 20-дневните подготовки во Австрија и Унгарија. Особено победата на Ѓер силно одекна низ медиумите, а ако денот по утрото се познава, тогаш може ли ова да биде само најава за она што треба да го очекуваме од „црвено-црните“ дами сезонава?

„Не сакам да најавувам ништо. Нема потреба. Мојот став е дека одиме чекор по чекор. Навистина, сè помина одлично и подготовките во Австрија и настапот на турнирот во Ѓер. Она што беше замислено го реализиравме.

Но, од друга страна имаме уште многу за работа. Натпреварувачката форма треба да се гради сè уште, треба да се коригираат некои моменти во играта, а за сето тоа потребно е време. Најважно ми е што сè помина во најдобар ред и што сите живи и здрави се вративме дома“, децидна е Индира Кастратовиќ, стратегот на Вардар.

КОМПАКТНИ

Уште при првите контроли на силата се виде дека новите засилувања одлично се вклопија во тимот. Кастратовиќ доби повеќе играчи во ротација, а истовремено и повеќе квалитетни алтернативи кои може да одговорат на задачата.

„Новите девојки одлично се вклопија во тимот. Нормално е тие се професионалци и многу е лесно да се работи во таква атмосфера. Засега видовме на кого може да сметаме на одредена позиција, како функционираат линиите. Сепак, има уште финеси на кои треба да работиме. Имаме доволно време и простор за тоа“, заклучува Кастратовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...