„Сезонците“ на каса следната недела

Билетите со кои ќе може да се следи целата сезона во ЛШ, Металург ќе ги пушти во продажба следната недела, Вардар ќе инфомира за петнаесетина дена

Премиерата на СЕХА ГСС-лигата во Скопје мина успешно. Не само резултатски, туку изненадувачки со оглед на тоа дека летото сè уште трае, во салата имаше по слободна проценка околу 4000 гледачи, што покажува дека ракометот не излегол од мода.

И глетката на полните трибини веднаш го постави прашањето за тоа како ќе изгледаат трибините за време на Лигата на шампионите следната сезона. Искуството од претходните три години вели дека најдобро минаа фановите кои си обезбедија сезонски билети и по тоа незаинтересирано ги следеа турканиците за билет и за двата наши најдобри клуба.

Информација за продажбата на билети побаравме и од таборот на Металург и од Вардар. Металург и оваа сезона продолжува по веќе утврдената практика. Ќе има и сезонски билети, ќе има и еднократно, ќе можат да се набават и на каса и онлајн. Цената сè уште не е утврдена, но претпоставка е дека ќе чини од 1200 до 2000 денари во зависност од позицијата. Тоа значи дека цена на билет би бил од 250 до 400 денари за групната фаза од натпреварите. Информацијата не е официјално потврдена. Билетите на каса би требало да се најдат следната недела. Сопствениците на сезонски билети се и сопственици на истите места во салата (бесплатно) и за натпреварите на СЕХА лигата. Така беше лани, веројатно така ќе биде и сезонава.

Вардар од оваа година натпреварите од Лигата на шампионите ќе ги игра во „Јане Сандански“ што сигурно ќе биде магнет плус, особено на почетокот на сезоната. Информација за продажбата на билети клубот ќе објави петнаесетина дена пред почетокот на натпреварите или некаде по 15 септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...