Загреб со Вујо го затвора „Кале“?

Љубимецот на „Комитите“ Веселин Вујовиќ е најсериозниот кандидат за тренер на ППД Загреб, а на клупата ќе дебитира токму против „црвено-црните“

Последниот натпревар кој Вардар ќе го одигра во старата база СРЦ „Кале“ ќе биде против хрватскиот шампион ППД Загреб, на 30 септември, во рамките од СЕХА ГСС-лигата. Натпреварот од многу аспекти ќе го задоволува епитетот дерби бидејќи единствено „црвено-црните“ и Загреб досега се нашле во позиција на регионални прваци. Најновите информации го прават пресретот на дуелот уште поинтересен со оглед на тоа дека можеби токму љубимецот на „Комитите“, Веселин Вујовиќ, ќе дебитира на клупата на „Плинарското друштво“ во овој меч.

Откако управата на загрепскиот клуб објави дека Борис Дворшек повеќе не е тренер на екипата, „тргнаа“ шпекулациите за тоа кој ќе го преземе неговото место, а најгласни се оние за популарниот Вујо.

Стратегот, кој пред доаѓањето на Сергеј Самсоненко беше Вардарова икона, за „Македонски спорт“ потврди дека има вистина во муабетите кои кружат и дека в сабота челниците на хрватскиот шампион доаѓаат во Шабац за да преговараат со него, да ја преземе тренерската функција во ППД Загреб.

Иако Вујовиќ не е единствениот кандидат, а на листата се уште и Касим Каменица, актуелниот селектор на Хрватска, Славко Голужа, како и Ненад Кљаиќ, по реакциите се чини дека за него клубот е „најзагреан“.

Веселин Вујовиќ го предводеше Вардар во неговиот влез во Лигата на шампионите во сезоната 2012/2013, кога ја освои шампионската круна во националното првенство. Потоа замина од клубот и во изминативе година дена работеше во Дубаи, како тренер на Ал Шабаб. Сезонава требаше да го предводи новоформираниот клуб Катар фондација, но откако истиот не доби лиценца за учество во првенството, стратегот се врати дома.

Викендов, во зависност од тоа дали Вујовиќ и првите луѓе на „Плинарското друштво“ ќе најдат заеднички јазик, ќе бидат решени дилемите дали Вујо, како предводник на Загреб ќе го затвори „Кале“.

ЛАЦКОВИЌ, РАСТВОРЦЕВ И ТЕРЗИЌ ВО СТРОЈ

Добри вести за Раул Гонзалез доаѓаат во пресрет на дуелот со Нексе, в недела, како генерална проба за стартот на сезоната во Лигата на шампионите. Лацковиќ, Растворцев и Терзиќ се враќаат во игра, по санирањето на повредите. Блаженко Лацковиќ, кој имаше најдолга пауза поради повреда на препоната, почна со тренинзи, а истото важи и за Терзиќ, кој поради скршеница на носот ја пропушти турнејата во БиХ и Унгарија. Растворцев, пак, се пожали на болки во оперираното рамо, по дуелот со Борац, па беше поштеден во оној против Веспрем. Од клубот велат дека „тројката“ се врати во тренажен процес и дека во полна пареа работат со тимот. Дали ќе се најдат во составот против Нексе, ќе зависи единствено од Раул Гонзалез и од тоа дали ќе ги стави во комбинација или, пак, ќе ги чува за отворањето на елитната сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...