Будимпешта уште две години Ф4 домаќин

Следејќи го успехот од премиерниот Ф4 турнир во Будимпешта во Лигата на шампионите во женска конкуренција минатата сезона, Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека унгарскиот главен град ќе биде домаќин на завршните турнири и во следните две години.

ЕХФ потпиша договор со Унгарската ракометна федерација, дека арената „Ласло Пап“ во Будимпешта ќе биде локацијата на која ќе се одиграат „фајнал-фор“ турнирите и во 2015 и 2016 година.

Унгарскиот шампион Ѓер во мај годинава, пред 10.000 љубители на ракометот ја прослави втората во низа титула во ЛШ, а со овој договор ќе има можност истата да ја брани на домашен терен. Македонскиот првак ЖРК Вардар исто така беше дел од финалниот турнир претходната сезона и заврши на третото место.

Завршницата од Лигата на шампионите во машка конкуренција од 2010 година се одржува во Келн, кој ќе остане домаќин на Ф4 турнирите исто така до 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...