Нексе е генерална проба за стартот на Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар во недела вечер играат натпревар од СЕХА лигата последен пред настапот годинава во Лигата на шампионите. Ривал на „црвно-црните“ ќе им биде хрватската екипа Нексе, која изминативе сезони постојано е на чекор до влез на „Ф4“ турнирот во ова натпреварување.

- Желба ни е да одиграме добар натпревар. Добро и квалитетно работевме деновиве во пресрет на стартот од Лигата на шампионите. Нексе е добар тим, со квалитетни играчи на бековските позиции, како и добри пикери. Воглавно играа добро во првите 15-20 минути – истакна на денешената прес конференција тренерот на Вардар Раул Гонзалез.

Капитенот Филип Лазаров очекува уште еден натпревар во кој, тој и соиграчите на крајот ќе запишат нови бодови.

- Нексе е редовен учесник во СЕХА лигата и знаат да одиграат добри натпревари. Но, со сериозен пристап на домашен терен во недела треба да постигнеме победа, изјави Лазаров.

Во редовите на Вардар, неизвсен е настапот на засилувањето Блаженко Лацковиќ, кој има повреда и утрешниот тренинг ќе биде за него тест дали ќе игра во недела, но тренерот Гонзалез напомена дека овој натпревар е можеби рано за негов настап, а очекува да игра против Цеље во Лигата на шампионите следниот викенд.

Натпреварот Вардар – Нексе се игра во недела со почеток во 20:15 часот во салата во СРЦ „Кале“.

Вториот наш претставник во ова натпреварување шампионот Металург утре (почеток 16 часот) ќе гостува кај лидерот на табелата унгарски Веспрем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...