В НЕДЕЛА (20:15) СЕХА ПРВАКОТ ГО ПРЕЧЕКУВА ХРВАТСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН

Нексе, генерална проба за „вардарци“

ВАРДАР – НЕКСЕ

Недела, 20:15ч.

Сала СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Милјан Вешовиќ и Новица Митровиќ од Црна Гора. Делегат: Небојша Вијушиќ од Црна Гора.

*Последниот тест на силата пред стартот на ЛШ „црвено-црните“ го имаат во неделниот меч, иако, се чини, одново ќе бидат некомплетни

Вардар враќањето на победнички патеки во СЕХА ГСС-лигата го најавува за викендов, односно утре, кога од 20:15 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје го пречекува тимот на Нексе.

Хрватскиот состав во годинешното издание имаше тежок распоред и во три натпревари запиша три порази и се наоѓа на дното на табелата. „Вардарци“ досега имаат само еден негативен резултат, на последното гостување кај Веспрем и три победи, и од втората позиција како фаворити влегуваат во дуелот.

За „црвено-црните“ овој натпревар е последна проверка на силата пред стартот на Лигата на шампионите, следниот викенд, кога Вардар му гостува на Целје.

„Со Нексе го играме последниот натпревар пред стартот на Лигата на шампионите и тоа ќе биде генерална проверка за нас. Мора да одиграме добро и напорната работа од оваа недела да биде евидентна на теренот.

Нексе и добар тим, кој има квалитетна одбрана, особено во центарот, преку пикери и бекови. Има млади мотивирани играчи, кои во првите десет минути играат особено цврсто. Се надевам на добар меч, кој за нас е добредојден во моментов“, истакна стратегот на Вардар, Раул Гонзалез, на прес-конференцијата во пресрет на мечот.

Капитенот Филип Лазаров, пак, не го потценува Нексе и гледа како на ривал, со кој е потребен сериозен пристап.

„Нексе е тим кој заслужува респект. Константен дел се од СЕХА и тим кој се стремеше кон Ф4 во минатите изданија. Иако лошо ја стартуваа сезоната не гледам простор за опуштање. Претходните искуства велат дека знае да биде незгоден противник, па поради тоа крајно сериозно треба да се влезе во натпреварот“, заклучува Лазаров.

Што се однесува до играчкиот состав со кој ќе располага Раул Гонзалез, стратегот одново беше резервиран во одговорите, па само кусо коментираше „ќе видиме за изгледот на тимот“. Најавата е дека Лацковиќ, Терзиќ и Растворцев, кои одмораа поради повреди се вратија во тренажен процес, но прашање е дали ќе настапат в недела. Она што е најважното е дека Гонзалез потенцираше дека до дуелот со Целје во ЛШ, екипата ќе биде комплетно подготвена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...