Шпанија доби дама за Дејвис куп капитен!

Шпанија ја именуваше Гала Леон Гарсија како прв женски капитен на машката Дејвис куп репрезентација. 40-годишната Гарсија го заменува Карлос Моја на позицијата капитен откако Шпанија испадна од елитната Светска група на натпреварувањето првпат по 18 години.

Ова е првпат жена да е капитен на Дејвис куп репрезентација во 114-годишната историја на натпреварувањето. Од поранешниот светски број 1 Моја беше побарано да остане на позицијата и покрај поразот, но тој реши да се повлече поради лични причини.

Шпанија загуби од Германија и од Бразил за испаѓање од Светската група. Петкратните шампиони, кои последната титула ја освоија во 2011, беа без 14-кратниот гренд слем шампион Рафаел Надал и без светскиот број 7, Давид Ферер во двата меча. Тие загубија со 4:1 во првото коло од Германија и со 3:1 на гостувањето кај Бразил.

ЖЕНИТЕ ГО ДОБИВААТ СВОЕТО МЕСТО

Именувањето на Гарсија како капитен на Шпанците е голем чекор напред за женските тренери во машкиот тенис. Енди Мареј, кој ја именуваше поранешната светска тенисерка број 1, Амели Морезмо, како тренер по разделбата со Иван Лендл веднаш даде поддршка за Гарсија.

„Честитки за Гала Леон Гарсија за капитенското место. Се надевам дека таа е само првата жена од многу на оваа позиција“, напиша Мареј на Твитер.

Гарсија, која се повлече од тенисот во 2004, имаше најдобар рејтинг на 27. место на ВТА листата во септември 2000. Таа не успеа да помине четврто коло на гренд слем турнир во текот на кариерата, со најдобар пласман во 4. коло на Ролан Гарос во 1996 и 1998. Левучарката, сепак, стигна до една титула, во Мадрид во 1999 година.

„Ако Дејвис купот е вистинска цел за тенисерите, тогаш за нив има место во тимот“, изјави Гарсија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...