Пари Сен Жермен на скопската премиера на ЛШ

Загревачкиот круг пред стартот на Лигата на шампионите заврши викендов. Сите екипи имаа доволно време да ги консолидираат своите редови, да одиграат по неколку кола во домашните првенства и сега на ред доаѓа прелиминарниот дел од елитното натпреварување на ЕХФ.

За последен пат Лигата на шампионите ќе се игра во формат четири групи со по шест екипи од каде првопласираните четири продолжуваат во Топ 16.

Веќе следната сезона Лигата на шампионите ќе биде поделена на две дивизии, од каде ќе се проаѓа во „Топ 12“ и „Топ 8“.

Во Скопје Лигата на шампионите почнува со спектакл. Металург првиот домашен натпревар, исто како и лани ќе го игра со најскапиот тим во историјата на ракометот, францускиот вицепрвак ПСЖ набилдан со катарски капитал. Вардар ден претходно (сабота) ќе гостува во Словенија, кај екипата која годинава прославува десет години од единствениот освоен шампионски пехар во ЛШ, Целје Пивоварна Лашко.

ПСЖ одново во Скопје ги носи мега ѕвездите Микел Хансен, Лук Абало, Даниел Нарсис, Игор Вори, Марко Копљар, а овој пат се засилени со уште три репрезентативци на Франција. И тоа не било кои туку Тјери Омејер, Вилијам Акамбре и Хавиер Бараше.

Тим против кој тешко дека некој би се обложил на победа, но ете, уште на „непочната“ сезона им сервираа горчливо изненадување на своите навивачи. Загубија во второто коло од домашниот шампионат од тимот на Сан Рафаел. С. Рафаел е сосема солиден тим, но далеку се Мортен Олсен, Адриен ди Панда и другите од реномето на Хансен, Акамбре другите од дружината на „светците“. И одново по којзнае којпат се постави прашањето дали тренерот Филип Гардан е алката каде „пука“ синџирот на ПСЖ. Ако е така, тогаш добро е за Металург затоа што Гардан ќе го води тимот во „Борис Трајковски“.

ПСЖ БЕЗ ТРЕНИНГ ВО СКОПЈЕ

Невообичаено за меч од Лига на шампиони, Французите нема да тренираат во Скопје во пресрет на натпреварот. ПСЖ во Скопје ќе пристигне в сабота попладне, а Металург е известен дека го откажуваат единствениот тренинг кој беше предвиден за сабота и во Скопје ќе бидат „туристи“ сé до натпреварот. Причините ги знаат единствено Гардан и неговите избраници.

СТАНИЌ СЕ ВРАЌА ВО ТИМОТ?

Последните неофицијални информации велат дека на теренот в недела во дресот на Металург одново ќе го видиме Дарко Станиќ. И не само него туку и добар дел од старата гарда, вклучувајќи ги и Ванчо Димовски, Наумче Мојсоски, Павел Атман... но, нема да го видиме Ренато Вугринец. Македонскиот репрезентативец е суспендиран од ЕХФ еден натпревар, а тој меч е дуелот со ПСЖ од првото коло. Младите ракометари на Металург, вклучително голманското дуо Митревски-Коциќ, на моменти покажаа одлични перформанси, но и променливост во играта, падови кои се видоа на дуелите со Вардар и Веспрем, а што е доволно за да се побара внимателност и сигурност, а тоа споменатите асови секако го имаат во своите раце, да не зборуваме за задоволството на публиката која препознава спортски херои во споменатите ракометари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...