Вардар е „супер-стар“ тим

Противникот на Вардар во првото коло од ЛШ, Целје, вчера пред словенечките медиуми го најави отворањето на елитното европско клупско натпреварување.

За стратегот на словенечкиот шампион групата Ц е „група на смртта“, а Веспрем, Рајн Некар и Вардар се екипите кои целат на Ф4 во Келн.

„Во нашата група има три екипи кои се стремат да се најдат не во Топ 16, туку на финалниот турнир во Келн, Веспрем, Рајн Некар и Вардар. Имаме среќа да ги мериме сили со едни такви големи екипи, што за млад тим како Целје секако дека е голем предизвик“, вели Бранко Тамше, шефот на струката на Целје.

За единствен словенечки претставник во ЛШ, Вардар е тим на ѕвезди и врвни играчи, кој е опасен од сите позиции.

„Скопскиот тим е искусен и зрел и оваа сезона има највисоки цели. Опасен е од секоја позиција. Во нападот мора да бидеме максимално внимателни и трпеливи во нашите удари кон голот. Се надевам дека Штербик нема да има свој ден бидејќи во случај на негова одбрана, следи ризик од брз контра-напад. Мора бргу да се враќаме во одбрана и да не им дозволиме брзо спроведување на топката од центарот. Сите се опасни во нападот. Затоа сакам да му посочам на мојот тим дека мора одбраната да ја одигра на највисоко можно ниво. Тоа е нашата најсилна ’карта’ за да може да се одржи еквивалентност со Вардар“, потенцира Тамше.

Во средата вечерта Целје, ја имаше генералката пред дуелот со „црвено-црните“, кога во рамките од 4. коло во националното првенство ја совлада Рибница со 38:22 (17:9).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...