Металург потклекна во финишот на дуелот со ПСЖ

Македонскиот ракометен првак Металург не успеа да извлече поволен резултат против големиот фаворит и еден од главните претенденти за трофејот, францускиот тим Пари Сен Жермен. Вчера вечер во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје пред околу шест илјади гледачи, избраниците на тренерот Лино Червар загубија со 27:22 и со пораз стартуваа во Лигата на шампионите.


„Металурзите“ и покрај поразот му дадоа силен отпор на најскапиот состав во светот, а тоа го покажуваат и нерешените 11:11 на полувремето. Разликата од пет голови беше највисоката за парижаните и достигната во самиот финиш на средбата.


Не се оствари желбата на нашите ракометари да се повтори ланскиот исход. Голем хендикеп за македонскиот шампион беше отсуството на Ренато Вугринец, херојот од победата остварена пред една година на истиот терен.

Најефикасни во тимот на Металург беа Филип Миркуловски со 5 реализации, Дејан Манасков и Мијајло Марсениќ имаа по 4 погодоци.

На голот на Металург за првпат сезонава беше Дарко Станиќ кој запиша 11 одбрани.

Кај гостите со ефикасна игра се истакнаа Михаел Хансен со 6 и Лук Абало со 5 погодоци. Тјери Омејер забележа 12 одбрани.

Во групата А освен овој натпревар во 1.коло од Лигата на шампионите вечерва уште играат: Ла Риоха - Мешков Брест и ППД Загреб – Кил.

Претходно вториот македонски претставник во елитното натпреварување, Вардар на гости го победи Целје со 27:26.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...