Вардар против Загреб во СЕХА лигата

Нов дерби дуел за ракометарите на Вардар во рамките на СЕХА лигата, утре во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе гостува хрватскиот шампион ППД Загреб. Ова воедно е дуел на двете екипи кои имаат победено во ова натпреварување (Вардар две титули, Загреб една).

И двата тима во натпреварот ќе влезат со големи победи во првото коло од Лигата на шампионите. Вардар победи на „жешкиот терен“ во Целје, а Загреб дома славеше над германскиот Кил. Посебен белег на натпреварот ќе биде и тоа што на клупата на ППД Загреб, ќе седи поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ.

- Добро е што победивме на стартот од Лигата на шампионите, а победата ја заслуживме пред се со борбеноста. Со Загреб имаме добар биланс. Ако ја повториме борбеноста и со помош на публиката мислам дека победата нема да изостане, истакна на денешната прес конференција играчот на Вардар, Игор Карачиќ.

Тренерот Раул Гонзалез задоволен од успехот во Лигата на шампионите напомена за важноста на мечот.

- Ова е важен дуел како и сите против екипата на Загреб. Со победа треба да се потврди триумфот во саботата. Ако ги освоиме трите бода ќе ги зголемиме шансите за пласман на завршниот турнир. Ова е еден од натпреварите како дуелите со Металург. Со кој состав ќе настапиме утре се уште не можам да кажам, бидејќи по враќањето од Словенија не ја знам здравствената состојба на играчите. Се ќе биде познато на вечерашниот тренинг, рече Гонзалес.

Средбата Вардар - ППД Загреб се игра утре во СРЦ „Кале“ со почеток во 20:15 часот. И двете екипи во досегашниот дел од шампионатот во СЕХА лигата имаат по еден пораз, Вардар од пет натпревари, ППД Загреб од четири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...