„Кале“ се одјавува со шампионски „судир“

Уште се собираат импресиите од случувањата во Лигата на шампионите викендов, а веќе македонскиот вицешампион Вардар го очекува сериозен предизвик во СЕХА ГСС-лигата, каде вечерва, 20:15 часот, во СРЦ „Кале“ го пречекува тимот на ППД Загреб.

Натпреварот привлекува посебно внимание, не само поради тоа што е „судир“ на единствените шампиони во историјата на регионалното натпреварување, туку и поради фактот дека двете екипи се главни кандидати за пласман на финалниот турнир. Посебна нота дава и присуството на поранешниот тренер на „вардарци“ Веселин Вујовиќ, кој сега седи на клупата на „плинарите“. За него, како и за играчите кои некогаш тој ги предводеше ова ќе биде прво соочување по разделбата.

„Ќе биде интересно да се игра против Загреб, не само поради ривалството, туку и поради фактот што нашиот поранешен тренер Веселин Вујовиќ, сега го предводи противникот. Со Целје викендов извлековме победа иако не заслуживме. Сепак покажавме карактер и борбеноста се исплатеше, но од друга страна останавме должни кон публиката. Сега имаме шанса да надоместиме. Со Загреб имаме добар скор, иако сега со Вујо на чело, приказната ќе биде поинаква.

Тие се во налет, како и ние. Победата над Кил, не принудува да бидеме многу внимателни во пресрет на мечот. Но, мислам дека ако Вардар добро се подготви нема да има никаков проблем да дојде до бодови. Притисок нема, а на нас е секој меч да го одработиме со 100% од можностите, без разлика дали тоа е за затворање на ’Кале’ или пак во новата сала“, заклучува Вардаровиот бек, Игор Карачиќ, на средбата со медиумите, која го најави денешниот меч.

КЛУЧ ЗА Ф4

Од една страна можеби е рано за се зборува за завршницата, кога е само старт на сезоната, но од друга страна за тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, математиките се прават уште од сега. Така, тој смета дека денешниот меч може да биде клучен за пласманот во „фајнал-форот“ на СЕХА ГСС лигата.

„Сезоната е долга и има уште многу да се игра, но мислам дека овој натпревар може да биде клучен за пласманот на Вардар на Ф4. Ова е големо дерби и несомнено е дека не чека тежок меч. Загреб игра одлично, особено во одбраната, а тоа го покажаа и викендов против Кил, а и Вујовиќ внесе нов систем 5-1 во дефанзивата. Многу важен дуел од кој ни се потребни бодовите.

Веќе Металург го совладавме, а со надеж дека ќе ги добиеме сите натпревари на домашен терен, мислам дека мора денеска паметно да одиграме, за да бидеме мирни за завршницата во СЕХА“, потенцира стратегот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...