Ферер пак со ран пораз, Надал загуби во двојки

Давид Ферер си ги влоши шансите за пласман на АТП финалето во Лондон откако загуби во првото коло на Јапонскиот опен во Токио. Светскиот број 5 имаше лош старт на азискиот дел од тениската турнеја и продолжи во ист ритам откако загуби од својот шпанскиот сонародник, Марсел Гранолјерс. 44-рангираниот Гранолјерс се врати за 4:6/6:4/6:4 победа на хардкорт терените во Токио, за нов ран пораз за Ферер, откако загуби и во првото коло на Шенжен опен во Кина од Виктор Троицки.

Иако тој останува на 5. место на АТП листата, тој е на 7. место на „АТП трката“ за оваа сезона, со најдобрите осум со загарантиран билет за Лондон.

УС опен шампионите Марин Чилиќ и Серена Вилијамс започнаа со победи на Кинескиот опен, додека Рафа Надал доживеа редок пораз во меч во двојки по враќањето од повредата. По долга пауза од три месеци поради повреда на зглобот на раката, 14-кратниот гренд слем шампион Надал заедно со шпанскиот сонародник Пабло Андухар загубија со 5:7/6:4/10:4 од Чехот Томаш Бердих и Американецот Џон Изнер во првиот АТП меч по поразот на Вимблдон.

28-годишниот Надал е втор носител на сингл ждрепката и ќе игра со Ришар Гаске во првиот меч на силниот АТП 500 турнир на кој се осум од топ 15 тенисери.

Вилијамс, која ја освои својата 18. гренд слем титула во Њујорк овој месец, губеше со 5:0 и 40:15 од шпанската квалификантка Силвија Солер-Еспиноза, но спаси четири сет поени пред да го освои мечот со 7:5/6:2 за дуел со Бугарката Цветана Пиронкова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...