Металург е Металург, но ова е друга приказна

Металург и Загреб се стари познаници, Металург и Веселин Вујовиќ уште подобро се знаат кои се и што се. Дуелите меѓу македонскиот и хрватскиот тим добија посебен шарм откако Лино Червар се пресели во Скопје, а надмудрувањето со Веселин Вујовиќ доби „епски“ размери овде во Скопје, на дуелите со Вардар.

В сабота, во рамките од третото коло од Лигата на шампионите Металург гостува во Загреб каде ги чека „Првото плинарско друштво“ на чие чело официјално во ЛШ ќе дебитира Веселин Вујовиќ. Дуел кој, секако, ќе има посебно место во животната приказна на двата стратега, вклучително двата клуба.

„Желба ми е да победам на сите натпревари до крај, вклучително и Металург. Тие без оглед на проблемите се многу добра екипа и опасен противник, така што ќе го вложиме целиот свој напор и знаење за да победиме в сабота“, изјави Вујовиќ.

- Сепак, дуел со Металург со сигурност не е „меч како и секој друг“?

„И хрватските медиуми сакаат така да го презентираат. Но, јас искрено така не го доживувам овој натпревар. Металург е Металург, но ова е друга приказна. Не се ова дуели Вардар – Металург со толку проблеми и тензии. Ова е некоја друга приказна во која битни се само двата бода“, изјави Вујовиќ.

ППД Загреб нема да наплаќа билети за овој дуел, а постојано ја повикува публиката да биде нивни осми играч. Дали е Металург некаков магнет за загрепските љубители на ракометот, ќе видиме в сабота.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...