Скопски пекол за „лавовите“ на Рајн Некар

Вардар има перфектен старт на сезоната во Лигата на шампионите, но вистинските предизвици допрва доаѓаат. Рајн Некар Ловен, еден од најмоќните состави во Европа, за првпат ќе се претстави пред македонската публика.

Рајн Некар Ловен е релативно нов ракометен проект. Под името Рајн Некар Ловен се појавува од 2007 година, а негов претходник е тимот на Кронау/Остриген. Тим составен од два колектива со богата историја (ТВ Остриген е формиран 1900 година, а ракометната секција во 1927) во која е запишан и пораз од Дортмунд во епско финале на Куп играно пред 35.000 гледачи (голем ракомет).

Во 2002 година Кронау и Остриген ги здружија силите во втората Бундес-лига. Една сезона играа во најсилна конкуренција, испаднаа, но веднаш се вратија и оттогаш се во врвот на германскиот ракомет.

Рајн Некар Ловен е проект кој своевремено беше великодушно поддржан од Јеспер Каси Нилсен. Богатиот Данец, сопственик на „Пандора“ почна и втор ракометен проект, АГ Копенхаген, каде почна многу да вложува за по тоа да стигне забрана од ЕХФ еден субјект да биде сопственик на два тима кои играат во ЛШ. По ова Нилсен се повлече од РНЛ, но наспроти очекувањата, клубот на само што не пропадна туку успеа да стане стабилен колектив кој само благодарение на среќата (според нив и судиите) нема пехар во Бундес-лигата, а лани и „Ф4“ на ЛШ.

ФРУСТРИРАЧКА СЕЗОНА

Минатата сезона за Рајн Некар беше прилично фрустрирачка и благодарение само на германската ладнокрвност и дисциплина не направија хаос низ медиумите за тоа што им се случи.

Почнуваме со ЛШ, натпреварот со Барселона во Манхајм го добија со 7 гола разлика, а во текот на средбата водеа и со 12-13 гола! На Барселона такво нешто не ѝ се имаше случено и беше практично отпишана. На реваншот, Барселона успеа да ја стигне големата негатива (ова е делот во кој РНЛ реагираше на судењето) и беше елиминиран во Топ 8.

Во Бундес-лигата, РНЛ беше прв се до последното коло, патем имаше и подобар меѓусебен скор од единствениот ривал - Кил. Но, правилата во Германија се поинакви. Таму поважна е вкупната гол разлика. И се случи следното. Кил почна да ги добива своите натпревари со послабите ривали со 15-20 гола разлика за на крајот да има подобра гол разлика од РНЛ и така да стане шампион.

ОДЛИЧНО ВКОМПОНИРАН ТИМ

Гудмундур Гудмундсон вршеше одлична работа на кормилото на РНЛ од 2008 година до актуелнава сезона. Неговата работа „запна“ за око кај Улрик Вилбек, поранешниот селектор на Данска и тој доби покана да го води данскиот состав. Таква понуда не се одбива и покрај убавата позиција во Манхајм, па Гудмундсон замина за Данска, а оттаму стигна Николај Јакобсен. Јакобсен е препознатлив како дел на легендарната генерација на Кил каде играше заедно со Ловгрен, Висландер, Олсон итн. Сега тој го води РНЛ.

Добро познатиот дански голман Никлас Ландин ја чува мрежата на лавовите. На позицијата лево крило е германскиот репрезентативец Уве Гензајмер (замена му е одличниот Сигурмансон од Исланд), а на спротивната страна, уште еден репрезентативец, Патрик Гроцки. Бековската линија ја сочинуваат Швеѓанецот Ким Егдал ду Риц и Штефан Кнер (играше за Магдебург против Вардар во Скопје и беше најдобар на терен на тој меч).

На центар се Анди Шмит кого ќе го гледаме и за дваесетина дена во Скопје во дресот на Швајцарија и црномурениот дански репрезентативец Мадс Менса Ларсен.

Обрнете внимание на десниот бек, таму е еден од најопасните на денешницата, наследникот на Олафур - Александер Петерсон од Исланд.

И на позицијата пивот имаат два одлични играчи. Гедеон Гвардиола од Шпанија и Норвежанецот Бјарте Мирхол. И двајцата се одлични дефанзивци, што донекаде го надополнува отсуството на „кољачот“ Оливер Рогиш кој на почетокот на сезоната реши да престане со активно играње и сега е помошник на Јакобсен. Претпоставуваме во делот на дефанзивните задачи.

АНГЕЛОВ: СО 200 НАСТО ОД СИЛИТЕ

Ова е противник многу поинаков од Целје и Чеховски медведи и на Вардар ќе му треба максимална концентрација во текот на сите 60 минути. Слично како и Вардар и „лавовите“ имаат убиствена контра и секоја грешка во напад е можност посебно за Гензајмер да тргне по лесен гол.

„Знаеме каков противник ни доаѓа на гости“, вели Петар Ангелов, голманот кој имаше извонреден настап со Ч. Медведи. „Тоа е тим кој на сите страни е добро покриен со квалитетни играчи. Имаат 15-16 ракометари што можат да ротираат и да одговорат на задачите. Минатата сезона за малку не ја елиминираа Барселона и тоа доволно говори за нив. Мораме да бидеме максимално внимателни и да вложиме 200 насто од нашите сили за да дојдеме до позитивен резултат. Нивна предност е што се подолго заедно и имаат повеќе заедно стекнато искуство во играње вакви натпревари.

Наша предност е домашниот терен. Видовте каков беше амбиентот на мечот со Ч. Медведи. Сега ќе биде уште појако и со таква публика каква што имаме можеме да победиме“, изјави Ангелов. Натпреварот се игра во недела со почеток од 19:30 часот, а го судат чешки арбитри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...