Во третиот натпревар во Лигата на шампионите „ Металург“ го доживеа и третиот пораз. Со овој пораз „Металурзите“ се во извонредно тешка ситуација во обидот да изборат пласман во следната фаза во ЛШ.
Домаќинот Загреб уште на почетокот на натпреварот дојде во водство кое успеаја да го одржат речиси во текот на целиот натпревар.
Екипата на Металург во еден период на натпреварот имаше водство од два голови но двете исклучувања на играчите на Металург го вратија во игра тимот од Загреб.
Лука Циндриќ беше најефикасен во нашиот тим, а Никола Митревски запиша седум одбрани.