Николај Давиденко се повлече од тенисот

Русинот кој ја освои титулата од АТП-финалето во 2009 година и помогна на Русија да стигне до Дејвис-куп трофејот во 2006 година вели дека повредите принудиле крај на 15-годишната кариера.

„Имав премногу повреди во последните неколку години, кои многу лошо ми влијаат. Времето дојде, и официјално се повлекувам“, изјави Давиденко на прес-конференција во Москва.

Русинот можеби никогаш не беше вистински шоумен на теренот, но беше во игра со големите имиња и славно го победи Роџер Федерер по 13 обиди во полуфиналето на АТП-финалето во Лондон пред пет години, пред да ја освои титулата по триумфот над Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.

Негова најдобра сезона на турнејата беше 2006 година, кога освои пет титули и стигна до полуфиналето на УС опен, по што беше 3. на АТП-листата. Тој, исто така, беше во полуфиналето во Њујорк во 2007, а имаше и полуфиналиња во Ролан Гарос во 2005 и 2007. Давиденко освои 21 АТП-титула во кариерата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...