Будуќност го освои правото да се фали

Стартот на Лигата на шампионите не беше каков што очекувавме од екипата на Вардар. Никој не може да ги обвини за пораз во Подгорица. Таму царува Будуќност, финалист на ЛШ и еден од најсилните тимови на денешницата, но Вардар не одигра најдобро што знае и за тоа може да му се замери. Отсуствата на Хмирова, Пино и Лејно не се потценувачки, сепак, се работи за три врвни играчи, но не се ниту алиби.

Овој пораз со оглед на тоа дека е од шест гола разлика би можел да влијае на директната битка посакуваме за првото место со Будуќност, но нема потреба да се вклучува алармот. Ова е само почеток и видливо беше дека долгиот период без вистински натпревар си имаше влијание. Ако за нешто треба да жали Вардар, тоа е што им даде за право на црногорските медиуми да ликуваат и да летаат во облаци.

Но, тоа е тоа. Шесте гола разлика и посебно контролата која ја имаа во текот на натпреварот им го дава т.н „брегинг рајтс“, односно правото да се фалат и да се нарекуваат, како што имавме можност да прочитаме - газди во групата. Барем до следното одмерување на силите. А нема ни да мораме долго да чекаме за да ја видиме Будуќност во Скопје, се надеваме пред 6000 навивачи на Вардар во „Јане Сандански“. Нивната втора пресметка е за помалку од еден месец. За 16 ноември е закажан тој дуел.

„Ова беше натпревар на кој имаше многу грешки од двата тима. Не е страшно што загубивме во Подгорица, ја загубивме битката, не војната. Имаме многу што да поправиме, но одиме натпревар по натпревар“, изјави Индира Кастратовиќ.

Доста коректни во изјавите беа Црногорките.

„Не одигравме на највисоко ниво, утнавме четири седмерци, но среќа имавме неколку расположени играчи плус Марта (Ждериќ) беше одлична на голот. Како ќе одминува сезоната, така ќе бидеме сè подобри“, изјави најголемото засилување за Будуќност, Катарина Булатовиќ.

СЛЕДЕН Е ТУРИНГЕР

Екипата на Турингер, која минатата година му направи доста проблеми на Вардар (реми во Германија,тешка победа во Скопје) ќе биде првиот гостин во „Јане Сандански“. Годинава оваа екипа е без Барбоса, а главната улога ја имаат Надгорнаја и Енгел. Ќе бидат незгоден противник доколку опомената од Подгорица не биде сериозно сфатена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...