Вардар победничкиот од го сели во СЕХА

„Црвено-црните“ се навикнаа на триумфи, па со таков став ја чекаат и неделата исполнета со регионални обврски

Додека возбудувањата од Лигата на шампионите ќе бидат на „стенд бај“ до 15 ноември, победничкиот ритам на Вардар треба да се префрли на еден друг фронт, СЕХА ГСС лигата. Неделава „црвено-црните“ имаат двојна програма, а првиот меч е вечерва 20:15 часот кога во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Раднички. Тимот на Раул Гонзалез има јасна цел, три бода, со кои ќе ја оправдаат и улогата на апсолутен фаворит во пресрет на мечот.

Сепак, тоа не остава простор за „вардарци“ да се опуштат, туку мора сериозно да го прифатат соочувањето со српскиот вицепрвак, со оглед на тоа дека игра специфично во одбраната и може да биде незгоден противник.

„Од ЛШ преминуваме во СЕХА и мора да го смениме умствениот пристап во натпреварите. Раднички е незгодна екипа, која игра одлично во одбраната, имаат формација три-три, на која не сме навикнати. Потребно ќе биде да сме поефикасни во нападот. Без разлика што Раднички нема поголеми резултати во СЕХА лигата, тоа е добар тим и затоа ќе барам и игра на високо ниво од моите ракометари“, потенцира Раул Гонзалез и додава: „Можеби сме уморни од силното темпо во ЛШ, но добро е што играме на домашен терен“.

Стефан Терзиќ вечерва ќе биде дел од тимот, како алтернатива за Алекс Душебаев, кој ќе одмора.

„Раднички, како што истакна и тренерот, може да биде незгодна екипа. Играат типичен балкански ракомет, ја менуваат одбраната, имаат силни шутери... Иако сме уморени од тешките натпревари во ЛШ, нашата задача е јасна, победа“, заклучува Терзиќ.

Вардар е втор на табелата, додека Раднички нема импресивен ефект во досегашниот тек од регионалното натпреварување, па е во долниот дел од генералниот пласман со една победа и едно реми.

МЕТАЛУРГ ПО ВКУСОТ НА ПОБЕДАТА

Вечерва Металург ќе има шанса да ја прекине низата порази која од СЕХА лигата се префрли во Лигата на шампионите и за момент да го почувствува одново подзаборавениот вкус на победата. Македонскиот тим гостува во Нови Сад, кај Војводина, единствената екипа која во досегашниот дел од сезоната нема запишано победа.

Сепак, новосаѓаните не се без бодови, од седум одиграни натпревари имаат две нерешени средби, со Раднички и со Борац, но тоа не е доволно за да го избегнат последното место на табелата во моментов.

Металург, пак, во пресрет на овој натпревар е на шестото место со два натпревара помалку од екипите кои се до трето и еден меч помалку од четврто и петтопласираните. Евентуален триумф во Нови Сад би му донел бодовно израмнување со Загреб.

Скорот на Металург во Јужно-европската лига досега е два пораза и две победи. Загуби од Вардар и Веспрем на гости, а славеше победа над Татран Прешов и Раднички на домашен терен. Овој скор не е лош и го остава во трка за фајнал фор, посебно затоа што Загреб има „кикс“ на домашен терен со Татран, а рековме Словаците загубија во Скопје и тоа убедливо.

Во моменти кога во Лигата на шампионите не му оди најдобро и пласманот во Топ 16 виси на конец, СЕХА ГСС би можела да биде шансата на Металург да има добра сезона. До лани, фајнал фор беше практично сакал или не, но годинава со приклучувањето на Веспрем конкуренцијата стана опасна и ќе се води жестока битка за место на завршниот турнир.

Згора на тоа убавото искуство на тимовите кои играа на Ф’4 во Нови Сад направи сите да сакаат да бидат дел од новата пресметка за титула. Сè уште не е дефинирано, но Брест и Веспрем се чини дека се најсериозните кандидати да бидат домаќини на „Ф4“ оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...