„Нема време за жалење, учиме од грешките“

„Будуќност е веќе зад нас, сега сме фокусирани на Турингер, тоа е нашата шанса за поправен“, смета Кастратовиќ

Отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите со пораз од Будуќност падна тешко на македонскиот шампион Вардар, но време за жалење немаат избраничките на Индира Кастратовиќ. Тие се веќе насочени кон следниот противник во групната фаза, германски Турингер. Добро познат противник, со кој се сретнавме и ланската сезона и од чии меѓусебни дуели имаме позитивни сеќавања. Полна работна агенда имаат деновиве „вардарки“, со оглед на тоа дека веќе се во процес анализите на играта на конкурентот и отстранување на аномалиите кои беа видливи во Подгорица.

„Нема да жалиме за поразот на стартот од ЛШ. Мора тој меч што побрзо да го оставиме зад нас и да одиме понатаму...веќе и сме насочени кон следниот противник, Турингер.

Веќе почнавме со анализа. Турингер ни е добро познат од минатата сезона. Станува збор за квалитетна екипа, која игра 60 минути максимално силно темпо. Имаме доволно информации и веќе поставуваме тактика за дуелот со нив. Ланското искуство е позитивно, но потребно е да коригираме некои работи и во нашата игра за позитивен резултат. Доволно сме паметни за да учиме од грешките и верувам дека в сабота Вардар ќе го видиме во сосем поинакво светло“, потенцира тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ.

ТУРИНГЕР СЕ МАЧИ СО ПОВРЕДИ

Слично како и во ситуацијата на „црвено-црните“ каде ги нема Пино, Хмирова и Лејно, така и германскиот табор се мачи со повреди. Последна на листата повредени ракометарки е десниот бек Јулија Снопова, која на тренинг заработи скршеница на прст на раката и ќе го пропушти дуелот со Вардар.

Турингер пред заминувањето за Скопје, вечерва го чека бундеслигашка обврска, каде се соочува со Блумберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...