ВАРДАР ВЕЧЕРВА (20:15) ГО ПРЕЧЕКУВА СЛОВАЧКИОТ ПРВАК ВО ДЕРБИТО ОД СЕХА ЛИГАТА

Татран за победнички ефект

*„Три натпревари во шест дена, уморни сме, но потребна е победа за позитивна потврда на овој дел пред паузата за да знаеме дека сме на вистинскиот пат кон Ф4“, вели капитенот Лазаров

Набиен распоред, трет натпревар во шест дена имаат ракометарите на Вардар, кои вечерва 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, го пречекуваат словачкиот шампион Татран Прешов во рамките од СЕХА ГСС лигата.

Едвај успеаја да здивнат од дуелот со Раднички во средата, а веќе вечерва на „менито“ имаат ни повеќе, ни помалку, туку еден од сериозните претенденти за „фајнал-фор“ турнирот, лански учесник на Ф4 во Нови Сад, како и тим, кој сезонава го гледавме во квалификациите за Лигата на шампионите.

Реномено на Татран Прешов вели дека е незгоден противник, непредвидлив дури и кога игра како гостин, па поради тоа „црвено-црните“ момци ќе мора да го задржат високото ниво на игра и покрај заморот за да може со оценка одличен да ја пречекаат паузата од клупските, за да се посветат на репрезентативните обврски.

„Три натпревари во шест дена, напорно темпо. Прешов е далеку посериозен противник од Раднички, игра силно во одбраната и знае да изненади и на гостински терен, тоа веќе го има и покажано во Скопје.

Без оглед на сè, потребна ни е победа за да може во пресрет на паузата да добиеме потврда дека добро сме го одработиле овој дел од сезоната и дека сме на вистинскиот пат кон Ф4“, смета капитенот на Вардар, Филип Лазаров.

И Раул Гонзалез е свесен дека неговите избраници се истрошени, но јасно е дека бодовите против Татран се важни.

„Прешов е добар тим, кој игра цврсто во одбраната, формација 6-0, има добри шутери и е еден од претендентите за ’фајнал-фор’. Малку сме уморни, ова е трет натпревар неделава, но бодовите од дуелот ни се важни и на момците тоа им е јасно“, истакна стратегот.

Одново Шпанецот ќе комбинира со составот, а со исклучок на Алекс Душебаев и Добривоје Марковиќ, кои се повредени, останатите ракометари му се на располагање.

„Вечерниот тренинг ќе даде слика за тоа како се чувствуваат играчите, дали има некоја повреда и од тоа ќе зависи кој ќе биде во составот утре“, додава Гонзалез.

ТАБЕЛА

1. ВЕСПРЕМ 7 7 0 0 224:161 21
2. ВАРДАР 7 6 0 1 210:178 18
3. ТАТРАН 6 4 0 2 187:163 12
4. МЕШКОВ 5 4 0 1 151:132 12
5. ЗАГРЕБ 6 3 0 3 165:155 9
6. МЕТАЛУРГ 5 3 0 2 136:132 9
7. РАДНИЧКИ 7 1 1 5 191:217 4
8. БОРАЦ 7 1 1 5 184:223 4
9. НЕКСЕ 6 1 0 5 139:182 3
10. ВОЈВОДИНА 8 0 2 6 187:231 2



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...