Серена не се предава, нов пораз за Шарапова

Серена Вилијамс се врати од најтешкиот пораз во професионалната кариера со импресивна 6:1/6:1 победа над Канаѓанката Јуџини Бушар на ВТА финалето во Сингапур, Вилијамс во средата освои само два гема во поразот од Романката Симона Халеп, но сепак и нанесе на Бушар уште еден пораз за 0-3 скор во дебито на големото натпреварување.

И покрај триумфот, Американката ќе мора да го почека петочниот меч меѓу Халеп и Ана Ивановиќ да види дали со 2-1 скор оди во полуфиналето. За пласман и одговара сè освен победа на Ивановиќ во два сета, додека Халеп е сигурно во полуфиналето.

Вилијамс вели дека клучен за овој пресврт беше нејзиниот тренер Патрик Муратоглу.

„Почнав да верувам дека можам да одиграм уште еден добар меч. Прво се чувствував многу лошо, и знам дека е многу тешко да се поверува, но честопати размислувам дали можам да играм понатаму. Ако не се квалификувам, ќе бидам тажна, но и така ова не е моја година“, вели Вилијамс.

Резултатот во другата група е целосно несигурен, со ниту една од четирите тенисерки квалификувана, или исфрлена од натпреварувањето. Петра Квитова ја совлада Марија Шарапова со 6:3/6:2 дополнително намалувајќи и ги шансите на Русинката да ја заврши 2014 како светска тенисерка број 1.

На Шарапова ѝ е потребна титулата од Сингапур и резултат со кој Вилијамс не е во финалето, и може да се пласира иако има 0-2 скор. Квитова е на 1-1. За пласман на Шарапова ѝ е потребна победа во последниот меч против Агњешка Радвањска и победа на Каролине Вознијацки над Квитова. Исто така овие два меча мораат да бидат одлучени во два сета.

Шарапова, која загуби во финалето на Вимблдон во 2011 од Квитова, ја имаше победено чешката тенисерка во петте последни мечеви и почна одлично со освојување на првите два гема, пред нејзината игра целосно да се распадне.

„Кога загубив од Ага, бев толку уморна од тенисот. Затоа еден ден воопшто не тренирав и тоа ми го исчисти умот“, вели Квитова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...