Извршниот одбор на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) привремено го призна Косово, со што се создадени услови за полно признавање на Генералното собрани на ИОК кое ќе се одржи во декември во Монако.
ИОК наведе дека Косово ги исполнило сите услови да биде признаено, иако досегашната пракса на оваа организација беше земјите како Косово кои не се членки на Обединетите нации да не се прифаќаат за полноправни членки.
Со евентуално добивање на полноправно членство во декември, патот на косовските спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година ќе биде отворен.