Червар: Ќе истраеме во политиката на давање шанса на помладите

Лино Червар, тренерот на македонскиот ракометен шампион Металург на прес-конференцијата по синоќешната победа над Борац од Бања Лука, ја повтори тенденцијата на клубот од Автокоманда да им дава повеќе шанса на помладите играчи.

- Задоволен сум што победивме. Со противникот делиме желба да дадеме можност на помладите ракометари. Така беше во Нови Сад, така беше и денеска. Тие мораат да имаат натпревари, а ние мораме да имаме трпение за нивните грешки, иако денеска имаа и добри моменти. Ќе истраеме со политиката на нашиот клуб и во наредните две години ќе даваме уште повеќе можности и на некои други млади ракометари од нашиот погон, секако во спрега со искусните ракометари кои го носат дресот на Металург. Одигравме добро, иако имавме и одредени падови. Повторно имавме проблем со реализацијата на седмерците, но се на се видовме фер и коректен натпревар во кој заслужено победивме, истакна Червар.

Еден од помладите ракометари на Металург и голема надеж на македонскиот ракомет Филип Талески очекува да добие поголема минутажа и во натпреварите од Лигата на шампионите.

- Во овој натпревар влеговме максимално мотивирани и постојано го држевме под контрола резултатот. Знаевме да ги искористиме слабостите на противникот. Среќен сум што ние помладите добиваме шанса во Регионалната лига, а се надевам дека ќе добиваме и во Лигата на шампионите, рече Талески.

Металург претходно во натпревар од 7.коло од регионалната СЕХА лига го победи Борац со 24:17.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...