Федерер се намачи, Мареј ја продолжи формата

Роџер Федерер со мака го почна обидот да го преземе првото место на АТП листата откако добро се испоти во три сета пред да го победи Жереми Шарди на Мастерсот во Париз. Федерер имаше бавен старт и губеше со 5:2 во првиот сет, пред да принуди тај-брејк, кој го доби. Во вториот сет изгледаше дека Швајцарецот е на пат до рутинска победа, пред Шарди да се врати и исто така во тај-брејк да израмни на 1:1.

На Федерер му е потребно да ја освои титулата во Берси доколку сака да го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ и да влезе како прв носител на завршниот турнир за 2014, АТП финалето во Лондон во ноември.

На Енди Мареј му е потребна само уште една победа да се квалификува за АТП финалето во Лондон откако со 6:3/6:4 го победи Жулиен Бенето на Мастерсот во Париз. Британецот, кој е петти во трката за квалификување за финалето во ноември, го декласираше својот противник за 71 минута за да стигне до третото коло. За сигурен билет за Лондон на 27-годишниот Шкотланѓанец му е потребно четвртфинале, а за него ќе игра или со Григор Димитров, кој со 6:0/6:3 го декласираше Уругваецот Пабло Суевас.

Во другите натпревари, светскиот број 4, Стен Вавринка, ја прекина серијата од три порази со 6:4/7:6(6) победа над австрискиот талент, Доминик Тием. 29-годишниот Вавринка победи по 1 час и 36 минути за меч со Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

„Се обидувам да ја вратам самодовербата бидејќи знам дека нивото на мојата игра е таму. Недостасуваат само победите“, вели Вавринка, кој го освои првиот гренд слем трофеј во кариерата на Австралискиот опен во јануари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...