Мареј се квалификуваше на АТП финалето

Енди Мареј го обезбеди своето место на АТП финалето во Лондон откако го совлада Григор Димитров за пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Шкотланѓанецот му се одмазди на бугарскиот тенисер за елиминацијата во четвртфиналето на Вимблдон со 6:3/6:3 триумф.

Димитров влезе понервозен во мечот, и Мареј направи предност од 5:3 со еден брејк и само 33 минути игра. Во вториот сет Мареј направи два брејка за да поведе со 4:1, пред Димитров да капитулира.

Мареј се приклучува на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, шампионот од Австралискиот опен, Стен Вавринка, и УС опен шампионт Марин Чилиќ на турнирот во О2 Арената во Лондон. Треторангираниот Рафаел Надал се повлече поради операција на слепото црево.

За преостанатите три места се борат Јапонецот Кеи Нишикори, Чехот Томаш Бердих, Шпанецот Давид Ферер и Канаѓанецот Милош Раонич.

Бердих исто така е на добар пат до Лондон петта година во низа откако со 7:5/6:3 го совлада Шпанецот Фелисијано Лопез за пласман меѓу најдобрите осум. Шампионот од 2005 година, Бердих, имаше осум аса и спаси шест од осумте брејк топки за да дојде на една победа од обезбедување пласман на завршниот турнир.

Следен за Бердих е Јужноафриканецот Кевин Андерсон, кој ја продолжи лошата серија на Вавринка со 6:7/7:5/7:6 победа.

„Не можам да кажам дека сè е в ред бидејќи не победувам на многу мечеви, но немам што да сменам. Нема сега да менувам рекет само бидејќи сум во лоша серија“, вели Вавринка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...