Фаворитската улога треба да се оправда

„Јасно е дека мора да го кренеме нивото на играта. Фаворити сме, но и Подравка ќе ја бара својата шанса. Полека работите доаѓаат на свое, а со победа во Копривница ќе го потврдиме тоа“, сигурна е Маја Зебиќ

Кон третата обврска во Лигата на шампионите во натреварите по групи, македонскиот првак Вардар тргнува попладнево, на гостувањето во Копривница, кај Подравка, в недела, 17 часот. Историјата од меѓусебните дуели е наклонета кон „вардарки“, а свежи се и сеќавањата од соочувањата од минатата сезона, токму во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Во „црвено-црниот“ табор Маја Зебиќ и Андреа Пенезиќ се ракометарките кои поминале низ редовите на Подгорица и за нив е добро познат амбиентот во кој ќе се игра, како и силината на хрватскиот тим.

„Без разлика што од почетокот на сезоната играме малку променливо, мислам дека во дуелот со Подравка сме навистина фаворити. Секако дека не смееме да се опуштиме, сигурно дека многу добро се подготвуваат за нас бидејќи и тие ги бараат своите шанси. Јасно е дека ќе мораме да го кренеме нивото на нашата игра, и работиме на тоа од натпревар во натпревар. Мислам дека со Турингер игравме подобро отколку против Будуќност. Немавме доволно подготвителни натпревари за да се воиграме како што треба, и сега имам чувство како да се воигруваме, но мислам дека сè ќе дојде на свое и дека со победа во Копривница ќе го потврдиме тоа“, коментира Маја Зебиќ, искусното лево крило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...