Време е за нов лик

Веќе цел месец преку натпреварите од Лигата на шампионите македонскиот првак ЖРК Вардар се бара себеси, а в недела, против Подравка, на домашен терен ќе треба, конечно, да покаже дека сигурно стои зад улогата која сите и ја препишуваат сезонава, еден од главните кандидати за Ф4 во Будимпешта.

Сликата во Копривница го уклучи „алармот“ кај Индира Кастратовиќ, која по мечот сама коментираше дека нешто мора да се менува во играта на Вардар, кој три дуели во низа презентира ист однос на теренот.

„Многу анализиравме оваа недела“, коментира Кастратовиќ. Дека лекцијата од првиот дуел со Подравка е научена, ќе имаат можност да ја презентираат во живо, во СЦ „Јане Сандански“.

„Мислам дека в недела ќе покажеме колективна игра каква што се очекува од нас. Јасно ни е дека костурот од 10 ракометарки во тимот се тие кои ќе го понесат товарот во ЛШ засега и мислам дека в недела ќе ги видиме во вистинско светло“, дециден е стратегот на македонскиот шампион.

Против Подравка се мачевме, истото беше и со Турингер. Веќе е време Вардар да го даде сјајот што го носи како актуелна трета ракометна сила во Европа и со тоа и да го завери местото во главната фаза од Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...