Денеска е денот „Д“ за Металург

Фановите на Металург, ракометните заљубеници кои ја следат македонската репрезентација и сите неутрални спортски фанови утрово би требало да стискаат палци за најавениот состанок меѓу врвот на Металург и ракометарите да има позитивен епилог.

Во ситуацијава не би знаеле како да дефинираме точно што е тоа позитивен епилог без да заземеме страна. Но, тоа што јавноста со сигурност тешко го вари е актуелнава ситуација која мора да престане.

А мора да престане денеска.

Мора итно да има некаков епилог затоа што денеска е последниот рок во кој Металург може да пријави играчи за натпреварите со Ла Риоха од Лигата на шампионите. Дали тоа ќе бидат ракометарите што досега играа или ќе бидат некои нови е прашањето на кое одговорот би требало да го знаеме, во најдобар случај до пладне.

Во моментов, со Петар Мисовски, кој доби сертификат и право да биде регистриран, Металург има осум ракометари за настап во Лигата на шампионите.

Ако не се најде заеднички јазик со побунетите, суспендираните ракометари тогаш клубот ќе биде принуден да повлече ракометари од Металург 2 или да најде некои нови и на тој начин ќе има екипа за настап, но не и за резултати во ЛШ. Тоа дополнително ќе го руши тоа што се работеше со години, истовремено ќе го ослабе и Металург 2 и како ќе изгледа финалниот продукт, не би сакале ни да замислиме затоа што тоа од наш агол дефинитивно не е позитивен епилог од разговорите.

Не би долевале масло на огнот со нова ретроспектива на досегашните случувања и предвидувања за можните сценарија.

Се надеваме дека денеска разговорите ќе се бидат „чесен, фер дијалог со заемно почитување“, каков што всушност и се посакуваше.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...